мини|Поглед кон катедралата <div style="float: right; margin: 0 0 1em 2em; width: 22em; text-align: right; font-size: 0.86em; font-family: lucida grande, sans-serif; line-height: normal;">
110px|Местоположбата на Порто Ново во Бенин
Порто Ново, Бенин 25px|Бенин
Површина ? км2 Население 223,552 Густина на насел. ? жит./км2 Координати: 6°28' С, 2°36' И
</tr> </table>
</div>
</div>
Порто Ново (исто така познат и како Хогбоноу и Аџаце) е главниот град на Бенин. Овој град има околу 223,552 жители и претставува пристаниште кое се наоѓа на островче на Гвинејскиот Залив, во југоисточниот дел на земјата. Порто Ново е вториот најголем град во Бенин, по Котону (град кој е поважен од Порто Ново, како на политички, така и на културен план). Во регионот околу градот се произведуваат палмово масло, памук и капок. Нафтата беше откриена во 1990-тите и постана важен извозен производ.
Знаменитости
Музеј за етнографија во Порто Ново, содржи голема колекција на Јоруба маски, како и предмети поврзани со историјата на градот и Бенин. Замокот на кралот Тофа, сега музеј, покажува каков бил животот на африканското кралско семејство. Jardin Place Jean Bayol е голем плоштад кој има статуа на првиот крал на Порто Ново. Музеј Да Силва, музеј за историјата на Бенин. Покажува каков бил животот на Афро-Бразилците кога се вратиле во градот. Палатата на гувернерот е дом на националната законодавна власт.
Надворешни врски
Официјална страница за туризам во Порто Ново Официјални податоци за Порто Ново од мрежното место на бенинската влада Porto-novo.biz Слики на централната џамија во Порто Ново Аџоган
Порто Ново Категорија:Бенин Категорија:Населени места основани во 16 век