Ретикулоцитите претставуваат неразвиени црвени крвни клетки. Тие се развиваат и созреваат во коскената срцевина, а можат да преминат во циркулацијата каде за еден ден се развиваат во црвени крвни клетки. Овие клетки како и црвените крвни клетки немаат клеточно јадро. Името „ретикулоцити“ го добиле поради ретикуларната мрежа на рибозомна РНК која е видлива само под микроскоп.
Категорија:Крвни клетки Категорија:Човекови клетки