Министерството за национална одбрана на НР Кина (; ) е министерство во надлежност на Државниот совет, а начие чело стои министерот за национална одбрана. Основано е по одлука на првата седница на I Национално народно собрание во 1954 г. За разлика од други земји, министерството не заповеда со вооружените сили, бидејќи тие се под раководство на Централниот воен комитет (ЦВК). Министерството е орган кој служи како претставник на ЦВК и војската во воена размена и соработка со армиите на други држави.

Службените должности на министерството подразбираат обединето раководење со развојот и одржувањето на воените сили, каде спаѓаат регрутацијата, организацијата, опремувањето, обуката, военонаучните истражувања на армијата, но и да водат сметка за чиновите и паричниот надомест на офицерите и професионалните војници. Во практика, сите овие функции ги врши Генералштабот на самата војска, со кој раководи ЦВК.

Структура Министерството за одбрана има неколку одделенија:

Општа служба Служба за надворешни работи Мировничка служба Служба за регрутација

Општата служба на министерството воедно игра улога на Општа служба на Генералштабот. Кадрите на другите служби се припадници на генералштабот.

Министер Иако самото министерство нема значајни надлежности, функцијата на Министерот за одбрана важи за една од најважните во државата. Лицето на оваа функција секогаш е старешина во активна служба и обично е потпретседател на ЦВК, државен советник и член на ЦК на партијата, што му овозможува да носи одлуки на воено, државно и партиско ниво.

Список на министри Бр. Име Стапил Напуштил 1 Пенг Дехуај септември 1954 април 1959 2 Лин Бјао април 1959 септември 1971 непополнета 3 Је Џенјинг јануари 1975 март 1978 4 Сји Сјенгчен март 1978 март 1981 5 Генг Бјао март 1981 јуни 1983 6 Џанг Ајпинг јуни 1983 март 1988 7 Чин Џивеј март 1988 март 1993 8 Чи Хаотјен март 1993 март 2003 9 Цао Гангчуан март 2003 17 март 2008 10 Љанг Гуангље 17 март 2008 16 март 2013 11 Чанг Ванчуен 16 март 2013 19 март 201812 Веи Фенге 19 март 2018 12 март 202313 Ли Шангфу 12 март 2023 во служба

Поврзано Министерства на Кина Народна ослободителна армија

Наводи

Надворешни врски Министерство за одбрана на НР Кина Министерство за одбрана на НР Кина 中国军网 (Вооружени сили на Кина) China Military — портал на кинеската армија

Одбрана Кина Категорија:Војска на НР Кина