Народен дневник (; пинјин: Rénmín Rìbào; ) — кинески дневен весник, орган на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина (КПК) што се издава ширум светот, со тираж од 3-4 милиони примероци. Покрај главното издание на кинески јазик, весникот има изданија на англиски, јапонски, француски, шпански, руски, арапски и корејски. Содржините на други јазици се поограничени со кинески теми, а побогати со меѓународни содржини и случувања во земјата кајшто се говори дадениот јазик. Како „Правда“ во времето на СССР, весникот е гласило за ставовите и политиката на партијата.
Историја Весникот е основан на 15 јуни 1946 г. во Пингшан, Хебеј, а следната година е преместен во Пекинг. Од неговото основање до денес, венсникот е под непосредна контрола на владејачкиот врв. Во првите две децении, главни уредници биле Денг Туо и Ву Ленгсји, но со весникот всушност раководел Ху Чаому, личен секретар на Мао Цетунг.
За време на Културната револуција, „Народен дневник“ бил еден од ретките извори на информации за намерите и политиката на партијата и државното раководство. Во овој период, воведниот дел важел за официјално приопштување на одлуките и плановите на владата и затоа се читал ширум целата земја. Рубриката има таква улога и денес.
Постои значајна содржинска разлика помеѓу воведниот дел, освртите и мислењата во весникот. Иако сите мора да добијат согласност од владата. Додека вовидначарот има за задача да соопшти договорени и официјализирани ставови и планови, и тоа го прави поретко, колумнистите даваат свои гледишта и мислења за тековни проблематики кои не мора да го одразуваат мислењето на партијата или владата, но не се ни критично настроени кон неа.
Бројот на написи за некој политичар важи за јасен показател за неговиот успех во кариерата.
Покрај ова, редакцијата на „Народен дневник“ го издава и Global Times, и на својот портал го држи значајниот форум „Зајанување на нацијата“.
Поврзано Новинска агенција „Сјинхуа“ Кинеска новинска агенција Global Times Родонг Синмун — севернокорејски пандан
Наводи
Надворешни врски 人民日报 — кинеско издание People's Daily — англиско издание Жэньминь Жибао — руско издание
Категорија:Кинески весници Категорија:Комунистичка партија на Кина Категорија:Комунистички весници