Коридор Х — еден од паневропските сообраќајни коридори. Се протега помеѓу Салцбург во Австрија и Солун во Грција. Коридирот проаѓа низ Австрија, Словенија, Хрватска, Србија, Македонија и Грција. Има четири ограноци: Xa, Xb, Xc и Xd.
Ограноци X: Салцбург - Љубљана - Загреб - Белград - Ниш - Скопје - Велес - Солун. Огранок A: Грац - Марибор - Загреб Огранок B: Будимпешта - Нови Сад - Белград Огранок C: Ниш - Софија - Пловдив - Одрин - Истанбул преку Коридор IV Огранок D: Велес - Прилеп - Битола - Лерин - Игуменица („Егнатија“)
Огранок A (Коридор Xa)
Коридорот Xa се протега од Грац, Австрија до Загреб, Хрватска проаѓајќи низ: Хрватска, Словенија и Австрија.
Огранок C (Коридор Xc) Коридорот Xc се протега помеѓу Ниш - Софија - Пловдив - Одрин - Истанбул.
Патот во Србија од Ниш до бугарската граница близу Димитровград во моментов е во изграбдам со цел да ги добие стандардите за автопат. Се очекува патот да биде готов во 2017.
Во Бугарија некои 31 км од Калотинскиот автопат од Калотина до Софија беа дадени на тендер во 2012 г. Во моментот сообраќајот се проаѓа преку Софиската обиколница, но постои и нов заобиколен потег. Тракискиот автопат се протега од Софија до Чирпан, каде Маричкиот автопат води кон Турција.
Во Турција автопатот проаѓа близу Одрин до Истанбул.
Огранок D (Коридор Xd) Коридорот Xd се протега помеѓу Велес - Прилеп - Битола - Лерин - Игуменица
Патот Велес - Прилеп преку планинскиот превој Дервен ретко се користи, заради тоа што не е асфалтиран. Затоа, најчесто се користи алтернативата Велес - Градско - Прилеп, преку планинскиот превој Плетвар. Од 2025 година комплетно е завршена и пуштена во употреба делницата Градско - Фариш, која е дел од експресниот пат Градско - Прилеп. Има најави дека патот до Прилеп треба да продолжи со тунел под Плетвар.
Од Прилеп кон Битола се користи регионалниот пат Р1101 (стариот пат преку Тополчани) поради изградбата на автопатот Прилеп - Битола. Според најавите, првите 11 километри од овој автопат би се користеле до крајот на 2026 година, додека конечното завршувањето на автопатот е предвидено да биде финализирано до 2029 година.
Потоа, патниот правец се надоврзува на магистралниот пат Битола - Меџитлија, кој беше целосно рехабилитиран и асфалтиран во 2023 година. Во фаза на проектирање е нов експресен пат од 22 километри, кој би служел и како источна обиколница на Битола.
Патот во Грција од граничниот премин Ники до Лерин е автопат. Потоа се продолжува по експресен пат до Птолемаида, каде започнува автопат. Оттаму, па сè до Кожани е автопат. Потоа, тој автопат се вклучува на автопатот Егнатиа кој води сè до Игуменица.
Наводи
10 Категорија:Патишта во Македонија