Шинкансен L0 () — големобрзински магнетнолебдечки воз на Среднојапонското железничко претпријатие () наменет за линијата Чуо Шинкансен помеѓу градовите Токио и Осака во Јапонија. Засега се изработени 14 претпроизводни воза, за што се задолжени Мицубиши и Нипон Шарјо, подружница на Среднојапонското железничко претпријатие.

На 21 април 2015 г. седумвагонски состав на L0 го срушила светскиот брзински рекорд за шински возила, постигнувајќи 603 км/ч. Возовите се предвидени да сообраќаат со најголема брзина од 505 км/ч, што значи времетраење на патувањето од 40 минути од Токио (станица Шинагава) до Нагоја, и 1 час и 7 минути од Токио до Осака.

Историја Првото возило од серијата L0 е доставено на пробната пруга во Јаманаши и претставен на јавноста во ноември 2012 г. Првите пет возила биле составени и ставени во колосекот во јуни истата година.„Шрототип на големобрзински магнетнолебдечки воз претставен на јавноста“, Асахи Шимбун,

Првиот воз од 5 вагони почнал со пробно возење во Јаманаши во јуни 2013 г, по завршувањето на работите за осовременување на пругата.

Рекорди мини|десно|Седумвагонски состав на проба во август 2014 г. Брзина 16 април 2015: најбрз воз со екипаж во светот (590 км/ч) 21 април 2015: најбрз воз со екипаж во светот (603 км/ч)

На 16 април 2015 г. седумвагонски состав од серијата L0 со екипаж достигнала брзина од 590 км/ч, рушејќи го дотогашниот светски рекорд од 581 км/ч постигнат од состав MLX01 во декември 2003 г. Брзината од 590 км/ч бил задржана 19 секунди. Овој рекорд е повторно срушен на 21 април 2015 г., кога исто така седумвагонски состав со екипаж постигнала 603 км/ч. и ја одржала 10,8 секунди, минувајќи 1,8 км за тоа време.

Растојание 10 април 2015: највеќе пропатувано во ден (3.904 км) 14 април 2015: највеќе пропатувано во ден (4.064 км)

On 10 април 2015 г., состав од серијата L0 постигнал нов далечински рекорд, со поминати 3.904 км за еден ден, рушејќи го дотогашниот рекорд од 2.876 км, постигнат во 2003 г. На 14 април 2015 г. иста таков состав пропатувала дури 4.064 км во еден ден.

Поврзано Шинкансен JR–Maglev Трансрапид Големобрзинска железница Магнетнолебдечки воз

Наводи

Надворешни врски

Соопштение за печат на Среднојапонското железничко претпријатие, Дел 1 (26 октомври 2010) Соопштение за печат на Среднојапонското железничко претпријатие, Дел 2 (26 октомври 2010)

L0 Категорија:Железнички сообраќај во Јапонија Категорија:Големобрзински возови