Јазиците во Вануату е поим со кој се опфаќаат сите јазици кои се зборуваат во оваа океанска држава, официјални и неофицијални. Вануату има три официјални јазика: бислама, англиски и француски. Бислама е прв јазик на голем број урбани Вануаќани. Исто така, бислама е втор јазик за голем број од населението на Вануату. Јазикот е сличен со ток писин од Папуа Нова Гвинеја.
Во Вануату се зборуваат над 100 староседелски јазици. Државата се смета како држава со најголема разновидност на јазици по глава на жител во светот. Некои од јазиците се загрозени, а некои и исчезнале. Сепак, иако има мал број на луѓе кои ги зборуваат јазиците, тие не се сметаат за особено загрозени.
Староседелски јазици Во Вануату се зборуваат околу 112 староседелски јазици, од кои 3 исчезнале во минатите декади. Голем број од јазиците се именувани според островите каде се зборуваат истите. Најразновидни во јазична смисла се островите Еспириту Сано и Малакула.
Класификација Сите јазици во Вануату се океански јазици.
океански јазици јужноокеански јазици северновануатски јазици источновануатски јазици сантоански јазици малекулски јазици централновануатски јазици еписки јазици крајбрежномалекулски јазици западносантоански јазици јужновануатски јазици анеџомско-танански јазици анејтимски јазици танански јазици еромангански јазици полинезиски јазици футунски јазици западнофутунски или футунско-анивански јазик емаејански мелејско-филански
Наводи
Lynch, John; Crowley, Terry (2001). Languages of Vanuatu: A new survey and bibliography. Research School of Pacific and Asian Studies. ISBN 0-85883-469-3
Надворешни врски
Ethnologue за Вануату Јазичната ситуација во Вануату
*