Оваа статија е за глумецот. За фудбалерот, видете Тони Наумоски.

Тони Наумовски (англиски: Tony Naumovski, 23 мај 1977, Сиднеј, Австралија) ― австралиски глумец со македонска народност. Тој работи во Њујорк, Соединетите Држави.

Животопис

Наумовски е роден во Сиднеј. Својата глумечка кариера ја започнал на 16 години, кога се зачленил во една месна македонска глумечка група наречена „Талија“. Својата прва професионална улога ја одиграл во 1996 година, во претставата „Ромео и Јулија“ во Народниот театар во Битола.

Во 1996 година се запишал на Националната академија за театарски и филми уметности (НАТФИЗ), во Софија, во класата на Стефан Данаилов, а студиите ги завршил во 2000 година. Постдипломските студии ги завршил во 2003 година во Сиднеј. Исто така, Наумовски добил стипендија од институтот за театар и филм на Ли Стразберг.

Наумовски покрај мајчиниот македонски, зборува и англиски, српскохрватски, бугарски и руски.Официјална биографија

Улоги Наумовски глумел во „Ова не е американски филм“ на Сашо Павловски, каде ја играл улогата на Боксерот. Исто така, играл и во филмот „Медена ноќ“ на Иво Трајков и во филмот „Панкот не е мртов“ на Сашо Павловски. Во однос на театарската игра, Наумовски остварил улоги повеќе од 40 улоги, како на пример: „Еден лет над театарот во Косово“, „Вдовицата Шејлок - Еврејката од Венеција“, „Цар Едип“ итн. За улогата на Диц, СС-офицер, во претставата „Sawbones and the Diamond Eater“, тој бил номиниран за Наградата на Њујоршката фондација за иновативен театар, во категоријата „најдобра улога во драма“.”Двајца Македонци номинирани за театарски награди во Њујорк”, Дневник, година XVIII, број 5530, петок, 1 август 2014, стр. 23.

Поврзано Австралиски Македонци

Наводи

Надворешни врски Службено мрежно место

Категорија:Родени во 1977 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Австралиски глумци Категорија:Македонски глумци Категорија:Македонци од Австралија Категорија:Австралиски филмски глумци Категорија:Македонски филмски глумци