Лисестиот дрозд () е птица од семејството дроздови (Turdidae), распространета во Европа и Азија, и малку помала од сличниот дрозд пејач. Лисестиот дрозд презимува во Македонија.
Таксономија и систематизација Овој вид, како и многу други, за првпат е опишан од Карл Лине во неговата Systema naturae во 1758 под неговото сегашно научно име.
Има два подвида: T. i. iliacus, номинираниот подвид, опишан од Лине, кој се размножува на копното од Евроазија; T. i. coburni, опишан од Sharpe, 1901, кој се размножува во Исланд и Фарски Острови, а зимува од западна Шкотска и јужна Ирска до северна Шпанија. Овој подвид е целосно малку потемен и сосема малку поголем од номинираниот.
Опис Лисестиот дрозд е долг 20-24 см и има распон на крилјата од 33 до 34.5 см, а тежи 50-75 грама. Половите се слични, со бледо кафеав грб и со темнокафеави точки на белите долни делови. Највпечатлива идентификациона одлика се црвените слабини и црвеното под крилјата, и кремавобелата лента над окото.Snow, D. W. & Perrins, C. M. (1998). The Birds of the Western Palearctic Concise Edition. OUP ISBN 0-19-854099-X.del Hoyo, J., Elliott, A., & Christie, D., eds. (2005). Handbook of the Birds of the World Vol. 10. Lynx Edicions, Barcelona ISBN 84-87334-72-5.Clement, P., & Hathway, R. (2000). Thrushes Helm Identification Guides, London ISBN 0-7136-3940-7.
Мажјакот има различни кратки песни, и свирка во лет.
Распространетост и живеалиште
Се размножува во северните региони на Европа и Азија, од јужен Исланд до северна и речиси цела Шкотска, на исток преку Скандинавија, Балтичките држави, северна Полска и Белорусија, и преку цела Русија. Последните години, ја прошири својата распространетост, во источна Европа ја има во северна Украина, и на јужен Гренланд, каде во 1990-1991 ја колонизираше областа околу Какорток.
Оваа птица често се меша со блискиот белограден кос во повисоките области.
Таа е птица преселница, која зимува во западна, централна и јужна Европа, северозападна Африка и југозападна Азија, до северен Иран. Птиците од некои делови на западната распространетост (особено од југозападна Норвешка) може да се постојани жители, без никакви миграции, а оние од источниот дел се селат најмалку 6.500-7.000 км, за да дојдат до своите зимувалишта.
Повеќепати се забележани скитници од овој вид на североситочниот брег на Северна Америка, како и двапати на северозападниот брег (еднаш во Вашингтон, 2005 и на Алјаска, во ноември 2011).
Поведение Птиците што се селат често формираат преселнички јата од 10 до 200 или повеќе птици, често хранејќи се заедно со ливадски кос, обичен кос и сколовранци, а понекогаш заедно со имеличарот, дроздот пејач и белоградниот кос. За разлика од дроздот пејач, пономадскиот лисест дрозд не се враќа секогаш на истите места за зимување. p1215–1218
Размножување
Лисестиот дрозд се размножува во иглолисни и брезови шуми, како и во тундри. Гнездото е уредно и го сместува во грмушки или на земја, каде несе 4-6 јајца. Инкубацијата трае 12-13 дена. Пилињата се оперјуваат по 12-15 дена, а остануваат зависни од родителите уште 14 дена.
Исхрана Овие птици се сештојади и се хранат со широк спектар инсекти и црви преку целата година, збогатувајќи ја исхраната со бобинки наесен и зиме.
Статус Лисестиот дрозд има широка распространетост од околу 10 милиони км², и голема популација, со 31 до 42 милиони единки само во Европа. Видон не се смета за загрозен, и е вклучен во категоријата на најмала загриженост. Наводи
Надворешни врски
Возраст и пол (PDF; 2.2. MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze
Категорија:Дрозд Категорија:Птици на Македонија Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј