ел-Ајун или Лајун (; ; ) — неофицијалниот главен град на Западна Сахара, поранешна шпанска колонија, сега главно контролирана и окупирана од Мароко. Тој е седиште на регионот Лајун-Буждур-Сакија ел-Хамра.

Градот има околу 196.331 жител (2010) и е најголем во Западна Сахара. Најмногу од неговите жители се марокански доселеници кои се преселиле во оваа област откако Мароко изврши инвазија на Западна Сахара во 1975, но има значаен број на сахрависко малцинство.

елајун Категорија:Градови во Западна Сахара Категорија:Населени места основани во 1938 година