Гарона (; окситански, каталонски и ; или ) — река во југозападна Франција и северна Каталонија, (Шпанија) со должина од 602 км.

Географија Извор мини|десно|Водотекот од клисурите Баранкс и Ескалета

Реката извира во Аранската Долина на Пиринеите, иако точното место е спорно. Предложени се три можности: „Гаронско Око“ () (), во Тарера-Саборедо ) или на падините на Ането (клисурата Салтерилјо-Баранкс согласно годишното време).

Течение Гарона тече низ Аранската Долина во северен правец и влегува во Франција, минувајќи низ Тулуза и Ажен кон Бордо, па доаѓа до естуарот Жиронда и истекува во Бискајскиот Залив (Атлантски Океан). По течението има три поважни притоки: Арјеж, Тарн и Лот. Веднаш по бордо, реката се спојува со Дордоња, образувајќи го естуарот Жиронда, кој а завршува во Атлантскиот Океан по 100 км. Други притоки се Сав и Жер.

Ова е една од неколкуте реки во светот што добива приливен бран. По бранот може да се едри на даска и со скутер барем до селото Камб, оддалечено 120 км од океанот

Пловност Гарона игра важна улога во превозот на стоки. Океанските бродови влегуваат по реката и доаѓаат до Бордо, и се потпомогнати од т.н. „Канал на двете мориња“ (), што го поврзува Средоземното Море со Атлантскиот Океан, овозможувајќи пократок и побезбеден превоз на стоки од земјоделските подрачја во јужна Франција до Атлантскиот Океан.

Населени места по течението мини|десно|250п|Гарона во Тулуза Аранска Долина (Шпанија): Виелја Горна Гарона (31): Сен Годен, Мире, Тулуза Тарн и Гарона (82): Кастелсаразен Лот и Гарона (47): Ажен, Марманд, Егијон Жиронда (33): Лангон, Бордо, Блај, Ле Вердон сир Мер Приморска Шаранта (17): Роајан

Поважни притоки Поважни притоки на Гарона (низводно) се следниве: Пик Урз Нест Сала Волп Ариза Луж Арјеж Туш Сав Жимона Ерс Морт Тарн Арат Жер Бајз Лот Дропт Сирон Гат Морт Девез Жал де Бланкфор

Поврзано

Дордоња (река) Список на реки во Франција

Наводи

Надворешни врски Водни патишта на Франција — реката Гарона Историски и моментален водостој на Гарона и поважните притоки

Категорија:Реки во Каталонија Категорија:Реки во Шпанија Категорија:Реки во Франција Категорија:Реки во Нова Аквитанија Категорија:Реки во Окситанија Категорија:Гаронски слив Категорија:Меѓународни реки во Европа Категорија:Приморска Шаранта Категорија:Жиронда Категорија:Горна Гарона Категорија:Лот и Гарона Категорија:Тарн и Гарона