Самуел Умтити (роден на 14 ноември 1993, во Јаунде) — француски поранешен фудбалер со камерунско потекло, играч од одбраната.
Тој исто така е поранешен репрезентативец на Франција во помладите категории до 17, 18, 19, 20 и 21 година, а од 2016 настапува за сениорската репрезентација
Кариера Умтити дошол во Лион од екипата на Менивал во 2001 година на возраст од само 8 години. Тој ги поминал сите младински категории, и во летото пред почетокот на сезоната 2011-12 бил вклучен во првиот тим на Лион добивајќи го дресот со број 23. Своето официјално деби за клубот го направил на 8 јануари 2012 во победата над Лион Душер со 3-1 во Купот на Франција. Само шест дена подоцна тој дебитирал и во лигата во поразот од Монпелје со 1-0. Умтити бил стартер и го одиграл целиот тој натпревар. Така, младиот дефанзивец го започнал пробивот во првиот тим на Лион и таа сезона ја завршил со вкупно 12 настапи во лигата од кој на 11 бил во почетната постава. Во текот на следната сезона, Умтити бил уште повеќе стандарден и одиграл 26 првенствени натпревари. На 12 јануари 2012, тој го постигнал својот прв погодок во неговата професионална кариера носејќи му ја победата на Лион на гостувањето кај Троја (2-1) со гол во 75-тата минута.Троја-Лион 1-2
На 30 јуни 2016, Умтити потпишал петгодишен договор со Барселона во трансфер вреден 25 милиони евра.
Титули Олимпик Лион Куп на Франција : 1 2011–2012 Суперкуп на Франција : 1 2012
Барселона Примера Дивисион : 2 2017-2018, 2018-2019 Куп на Шпанија : 2 2016–2017, 2017-2018 Суперкуп на Шпанија : 2 2016, 2018
Наводи
Надворешни врски Самуел Умтити на ESPN Самуел Умтити на soccerway
Категорија:Француски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Олимпик Лион Категорија:Фудбалери на ФК Барселона Категорија:Фудбалери на ФК Лече Категорија:Фудбалери на ФК Лил Категорија:Витези на Легијата на честа Категорија:Родени во 1993 година