Coldplay е британски рок бенд формиран во Лондон во 1996 година. Групата ја основале пејачот Крис Мартин и гитаристот Џони Бакланд под името Big Fat Noises а потоа и Starfish. Подоцна на групата ѝ се приклучиле Гај Бериман и Вил Чемпион. Менаџерот Фил Харви често се смета за нивен неофицијален петти член.Roach, p. 22 Бендот го променил името во Coldplay во 1998 година."Newsreel: An appeal to Wikipedia enthusiasts" . Coldplay.com. 25 July 2008. Retrieved 26 August 2009.
Тие постигнале светска слава по издавањето на албумот Parachutes (2000) на кој се наоѓала песната "Yellow". Албумот ја добил наградата „Албум на годината“ на Британските музички награди, Греми награда за „Најдобар албум со алтернативна музика“, а бил номиниран и за Меркјури награда. Вториот албум на бендот, A Rush of Blood to the Head (2002), бил издаден со позитивна критика и има освоено повеќе награди, вклучувајќи ја и Албум на годината. Тие, исто така ќе се најдат на врвот на анкетата на ББС Радио 2 за омилен албум на сите времиња. Нивниот следен албум, X&Y, е најдобро продаваниот албум во светот за 2005 година и беше пречекан со најмногу позитивни критики по неговото пуштање во продажба, иако некои критичари сметаа дека е инфериорен во однос на својот претходник.Четвртиот студиски албум на бендот, Viva la Vida or Death and All His Friends (2008), беше продуциран од Брајан Ино и повторно доби голема мера позитивни критики, заработувајќи неколку Греми номинации и победи на 51те Греми награди. На 24 октомври 2011 година, тие го издадоа својот петти студиски албум, Mylo Xyloto, кој доби мешани и позитивни критики и беше на врвот на топ листите во повеќе од 34 земји и беше најдобро продаван рок албум во Велика Британија за 2011 година.
Бендот има освоено голем број на музички награди во текот на нивната кариера, вклучувајќи осум Brit Awards- трипати за најдобар британски бенд, пет MTV Video Music Awards, и седум Греми награди од дваесет и пет номинации. Coldplay имаат продадено над 60 милиони плочи низ целиот свет. Во декември 2009, читателите на Rolling Stone гласаа за групата како четврт најдобар уметник на 2000-тите.
Coldplay биле активни поддржувачи на различни социјални и политички настани, како кампањата за Oxfam's Make Trade Fair и Amnesty International. Групата, исто така, има настапувано на разни добротворни проекти, како што се Band Aid 20, Live 8, Sound Relief, Hope for Haiti Now, The Secret Policeman's Ball и Teenage Cancer Trust. Историја Формирање и почетоците (1996–99) Крис Мартин и Џони Бакланд првпат се сретнале за време на нивната недела на ориентација на универзитетот во Лондон (UCL) во септември 1996 година. Двајцата го поминале остатокот од годината на универзитет планирајќи да оформат бенд, што резултирало со формирање на групата наречена Pectoralz. Гај Бериман, соученик на Мартин и Бакланд, подоцна се приклучил на групата. До 1997 година, групата, која целосно се преименувала во Starfish, изведувала свирки за локалните промотори во мали клубови. Мартин, исто така, го имаше регрутирано неговиот долгогодишен пријател Фил Харви, кој студирал класици на универзитетот во Оксфорд, за да биде менаџер на бендот.
Coldplay оттогаш го прифатиле Харви како петти член на групата. Бендот се комплетирал кога Вил Чемпион се приклучил на тапани. Чемпион израснал свирејќи на пијано, гитара, бас, и калај свирче. Тој брзо научил да свири на тапани (и покрај тоа што немал претходно искуство). Бендот конечно решил за името "Coldplay", кое беше предложен од страна на Тим Кромтон, локален студент кој го употребувал името за неговата група. До 1997 година, Мартин, се сретнал со студентот по класици Тим Рајс-Оксли. За време на викендот на Вирџинија, тие си побарале еден од друг да изведуваат песните на пијано. Мартин, кој видел дека Рајс-Оксли е талентиран, побарал од него да биде клавијатурист на Колдплеј, но Рајс-Оксли одбил бидејќи неговиот бенд Keane, веќе бил активен. Деновите по овој настан ќе ја задржат состојбата во Coldplay непроменета, оставајќи ги и двата бенда како квартети.
Во 1998 година, бендот издал 500 примероци од независно EP, Safety. Повеќето од дисковите биле дадени на издавачките куќи и пријателите. Само 50 примероци останале за продажба на јавноста.
Во декември истата година, Coldplay потпиша договор со независната издавачка куќа Fierce Panda. Нивното прво издание беа трите изданија на песната Brothers and Sisters, кои беа брзо снимени во текот на четири дена во февруари 1999 година. По завршувањето на завршните испити, Coldplay потпишале со Parlophone за договор за пет-албуми во почетокот на 1999 година. По својот прв настап на Glastonbury, групата влезе во студио за да сними трет албум насловен Blue Room. Пет илјади примероци беа пуштени во јавноста во октомври и синглот "Bigger Stronger", доби BBC Radio 1 премиера во живо. На снимањето на The Blue Room беше бурно. Чемпион накратко беше отпуштен од бендот, но Мартин подоцна го молеше да се врати назат и покрај тоа што тој го избрка од бендот и заради негова вина се препушти на прекумерно пиење. На крајот, бендот ги надмина нивните разлики и постави нови правила за да се задржи групата непроменета. Инспирирани од бендовите како U2 и R.E.M., Coldplay одлучиле дека тие ќе работат како демократија (и дека добивката ќе се дели со Вил, Гај и Џони кои ќе добиваат по 20% а Крис ќе добива 40%). Покрај тоа, бендот реши дека ќе го отпушти секој оној кој користи тешки дроги.
Parachutes (1999–2001) Бендот првично планираше да го сними својот деби-албум во период од две недели. Сепак, турнеите и другите настапи во живо предизвикаа снимањето, да се одложи меѓу септември 1999 и април-мај 2000 година. Албумот е снимен во Rockfield Studios, Matrix Studios и Wessex Sound Studios со продуцентот Кен Нелсон, иако поголемиот дел од песните на Parachutes беа снимени во Liverpool's Parr Street Studios (каде што тие изнајмиле три студио соби). Процесот на снимање на сите песни за албумот беше направено од страна на американскиот инженер Мајкл Брауер во Њујорк. Во текот на тој период, тие настапуваа на Карлинг турнејата, која објавуваше дебитантски имиња.
Откако објавиле 3 инструментални албуми без хит песна, Coldplay го издадоа нивниот прв Топ 40 хит со водечкиот сингл од албумот, "Shiver", издаден во март 2000 година кој се искачил на 35тата позиција на синглови во Велика Британија. Јуни 2000 беше клучен момент во историјата Coldplay : бендот ја започна својата прва водечка турнеја, вклучувајќи и настап на фестивалот Гластонбери. Бендот исто така, го објави синглот "Yellow". Како прва песна на Coldplay која се најде меѓу првите пет, песната стигна до четвртото место на синглови во Велика Британија и ги стави Coldplay во центарот на вниманието."Yellow "и" Shiver” беа првично објавени како EP во пролетта на 2000 година.Bogdanov, Vladimir; Woodstra, Chris; Erlewine, Stephen Thomas (2002). Првата подоцна беше издадена како сингл во Велика Британија на 26 јуни 2000 година. Во САД, песната беше издадена како водечки сингл од тогашниот ненасловен деби албум. Во октомври 2000 година, песната беше испратена до американскиот колеџ и алтернативните радио станици.Basham, David (16 October 2000). "Coldplay Escapes City For "Yellow" Single, Video" . MTV. Retrieved 9 September 2008.
Колдплеј го издадоа нивниот прв студиски албум, Parachutes, на 10 јули 2000 година во Обединетото Кралство преку нивната издавачка куќа, Parlophone. Албумот дебитираше на број еден списокот на албуми во Велика Британија. Тој беше објавен на 7 ноември 2000 година од страна издавачката куќа Nettwerk во Северна Америка. Албумот е ставен на располагање на различни формати од неговото почетно издание. Parlophone и Nettwerk го објавија како CD во 2000 година, и тој беше, исто така, издаден како една од касетите од страна на новата американска издавачка куќа Капитол во 2001 година. Бендот објави ограничено издание на "Trouble", третиот сингл од албумот, кој го содржи ремиксот на "Yellow". Тој бил издаден во 1.000 копии, и е само за обожавателите и новинарите.Moss, Corey (18 December 2001). "Coldplay Ready Second Album As 'Trouble' Heats Up" . MTV. Retrieved 22 September 2008. И "Yellow" и "Trouble" заработил редовни емитувања на радио во Велика Британија и САД.
Parachutes беше номиниран за Mercury Music Prize во септември 2000 година. Доживеа успех во Европа па бендот ги постави нивните погледи кон Северна Америка, со пуштањето на албумот таму во ноември 2000 година, и ја започна американската турнеја по клубови во февруари 2001 година. На Brit Awards во февруари 2001, Coldplay доби награди за Најдобра британска група, и Најдобар британски албум. Иако Parachutes имаше бавен успех во САД, на крајот достигна двојно платинест статус. Албумот беше добро примен и заработил награда за Најдобар алтернативен албум за 2002 Греми награди.
A Rush of Blood to the Head (2001–04) По успехот на Parachutes, Coldplay се вратија во студиото во септември 2001 година за да почнат да работат на нивниот втор албум A Rush of Blood to the Head, уште еднаш во производство на Кен Нелсон. Бидејќи бендот никогаш не престојувале во Лондон претходно, тие имаа проблем со фокусирањето. Потоа одлучија да се преселат во Ливерпул, каде што снимени некои од песните на Parachutes. Таму, вокалист Крис Мартин рече дека тие станале опседнати со снимање. "In my place", беше првата песна снимена за албумот. Бендот ја издаде како водечки сингл на албумот, бидејќи таа беше песната што ги натера да посакаат да снимат втор албум по "чудниот период на не знаење што да се прави" три месеци по успехот на Parachutes.
Бендот напиша повеќе од 20 песни за албумот. Нешто од новиот материјал, вклучувајќи ги и „In My Place" и „Animals", беа одсвирени во живо, додека бендот сè уште беше на турнеи за Parachutes.Nelson, Chris (12 February 2001). "Coldplay Warm Up On U.S. Tour Opener" . MTV. Retrieved 14 September 2008. Насловот на албумот беше откриен преку еден пост на официјалното мрежно место на бендот.Luerssen, John D. (25 April 2002). "Coldplay Sets Album Title, June Gigs". Billboard. Retrieved 14 September 2008. Албумот беше издаден во август 2002 година и имаше неколку популарни синглови, вклучувајќи ги и " In My Place ", "Clocks" и баладата " The Scientist ". Таа е инспирирана од насловната нумера на Џорџ Харисон на All Things Must Pass, која беше издадена во 1970 година.
Coldplay беше на турнеи од јуни 2002 година до септември 2003 година за A Rush of Blood to the Head. Тие посетија пет континенти, вклучувајќи ги Glastonbury фестивал, Rock Werchter. Многу од концертите демонстрираа осветлување и индивидуализирани екрани кои потсетуваа на турнеите на U2 и на Nine Inch Nails. Во текот на продолжената турнеја, Coldplay снимија DVD и CD во живо во 2003 година, на Sydney's Hordern Pavilion. На Brit Awards во 2003 кои се одржаа во Earls Court, Лондон, Coldplay добија награди за Најдобар британски бенд, и Најдобар британски албум. На 28 август 2003 година, Coldplay ја изведе " The Scientist " на MTV Video Music Awards во 2003 на Radio City Music Hall во Њујорк, и освои три награди.
Во декември 2003 година, читателите на Ролинг Стоун ги избраа Coldplay како најдобри уметници и најдобар бенд на годината. A Rush of Blood to the Head освои Греми награда за најдобар алтернативен музички албум во 2003 година на Греми наградите. Во 2004 на Греми наградите, Колдплеј доби награда за плоча на годината за " Clocks ".
X&Y (2004–06) Coldplay го поминаа поголемиот дел од 2004 година надвор од центарот на вниманието, со паузирање од додека да започнат со снимањето на третиот албум. X & Y беше издаден во јуни 2005 година во Велика Британија и Европа. Тој станал најдобро продаваниот албум во 2005 година со светска продажба од 8,3 милиони примероци. Водечкиот сингл, "Speed of Sound", го имаше своето радио и интернет музичко деби на 18 април, но беше објавен како CD во 23 мај 2005 година. X & Y влезе во списокот на најпродавани албуми од 20 земји на број еден позиција и беше трет најбрзо продаван албум во Велика Британија.