Рајан Томас Гослинг (роден на 12 ноември 1980 година) e канадски глумец, режисер, сценарист и музичар. Својата кариера тој ја започнал уште како дете во детската серија Клубот на Мики Маус (1993–1995) која се емитувала на каналот Дизни. Потоа тој глумел во семејните забавни серии Се плашите ли од темнината? (1995) и Младиот Херкулес (1998–1999). Неговата прва значајна улога била во филмот Верникот (2001) во кој глуми еврејски нео-нацист, а потоа изградил углед глумејќи во независните филмови Убиство по броеви (2002), Правило на најсилните (2002), и Соединетите Лиландски Држави (2003).

Во 2004 година, Гослинг ѝ го одземал вниманието на пошироката јавност со главната улога во романтичната драма Бележникот, за која добил четири Teen Choice награди и една МТВ филмска награда. Неговата изведба на професор кој е зависник од дрога во филмот Полу-Нелсон (2006) му донела номинација за Оскар а за улогата во филмот Ларс има девојка (2007) бил номиниран за наградата Златен глобус.

По тригодишна пауза од глумата, Гослинг во 2010 година глумел во филмот Тажна врска, со што заработил втора номинација за Златен глобус. Следната година била од големо значење за неговата глумечка кариера, бидејќи тој глумел во три успешни филмови - романтичната комедија Таа луда љубов, политичката драма Мартовски иди и акцискиот трилер Возач – и добил две номинации за Златен глобус. Во 2013, тој глумел во криминалистичките филмови Гангстерски одред и Местото зад боровите, и во трилерот Само Бог простува.

Музичката група на Гослинг, Коските на мртвиот човек (Dead Man's Bones), го издала нивниот прв и засега единствен албум во 2009 година, и истата година имале турнеја низ Северна Америка. Тој е еден од сопствениците на „Тагине“, марокански ресторан во Беверли Хилс, Калифорнија. Тој јавно поддржува неколку непрофитни организации, и патувал во Чад, Уганда и источно Конго со цел да го сврти вниманието на јавноста кон конфликтите кои постојат во тие региони

Животопис Рајан Томас Гослинг е роден во Лондон, Онтарио. Неговиот татко, Томас Реј Гослинг бил комерцијалист во фабрика за хартија, а неговата мајка, Дона била секретарка а од 2011 година e средношколска професорка. Неговите родители биле Мормони, и Гослинг изјавил дека религијата имала силно влијание на сите аспекти од нивните животи. Поради работата на неговиот татко, семејството многу често се преселувало, па Гослинг живеел и во Корнвол, и во Берлингтон.Shea, Courtney. (January 5, 2011) Spotted! Ryan Gosling getting his Canuck Christmas on in Burlington | Telling Tales. torontolife.com. Неговите родители се развеле уште кога бил дете, па тој и неговата постара сестра Менди живееле со мајка им, искуство што Гослинг смета дека го навело „да размислува како жена“.

Гослинг бил образован во државното училиште „Гледстон“,"Disney Gets First Canadian Mouseketeer". The Gazette. March 24, 1993. во средното стручно училиште во Корнвол и во средното училиште Лестер Б. Пирсон."The Children's Champion, The Oscar-Nominated Actor, a Star by His Teens, Is Taking Up the Cause of Ugandan Boy Soldiers". The Independent. April 22, 2007. Тој "мразел" да биде дете, во основното училиште бил задеван и до своите 14-15 години немал пријатели.GQ. January 2011. p. 50. Во прво одделение, под влијание на филмот Рамбо, тој заминал на училиште со кујнски ножеви, и за време на одморот со нив фрлал по другите деца. Поради овој инцидент, тој бил избркан од училиште. Тој имал проблеми при читањето и му било дијагностицирано хиперкинетичко пореметување со што бил преместен во паралелка за деца со посебни потреби. Поради тоа, неговата мајка дала отказ од својата работа и го подучувала дома, една година. Подоцна, Гослинг изјавил дека ова му дало чувство на самостојност. Пред публика, тој настапувал уште од мали нозе. Заедно со својата сестра пееле на венчавки; тој настапувал со групата на својот вујко наречена „Елвис Пери“ во чест на Елвис Присли, чиј репертоар го изведувале. и бил член на локално балетско друштво. Благодарение на настапите, што биле единственото нешто за кое добивал пофалби, се здобил со висок степен на самодоверба. Тој усвоил карактеристичен начин на изговор, бидејќи како дете сметал дека канадскиот акцент не звучи доволно „цврсто“. Како пример за усвојување на својот специфичен акцент го зел акцентот на Марлон Брандо.W. October 2010. p. 89. На 17 години, тој го напуштил средното училиште за да се посвети на глумечката кариера.

Глумечка кариера Детски глумец (1993–1999) Во 1993 година, на 12 години, тој учествувал на јавна аудиција во Монтреал за детската серија Клубот на Мики Маус која требало да се емитува на каналот Дизни. Тој склучил двегодишен договор за оваа серија, и се преселил во Орландо, Флорида. Тој поретко се појавувал на екраните, бидејќи другите деца биле сметани за поталентирани. Сепак, за оваа работа, тој вели дека тоа му биле најдобрите 2 години од неговиот живот. Колеги од овој филм му биле Џастин Тимберлејк, Бритни Спирс и Кристина Агилера. Тој особено се зближил со Тимберлејк, и тие живееле заедно околу шест месеци за време на втората година од снимањето на серијата. Мајката на Тимберлејк му станала законски старател на Гослинг, откако неговата мајка заминала за Канада, поради работа. Гослинг изјавил дека иако со Тимберлејк повеќе не комуницираат толку често, тие сепак си даваат поддршка еден со друг. Бидејќи шоуто било откажано во 1995 година, Гослинг се вратил во Канада, и добил улога во семејната серија Се плашите ли од темнината?. На 18 години, тој се преселил во Нов Зеланд заради снимањето на серијата Младиот Херкулес (1998–99) која се прикажувала на каналот Фокс Кидс. Тој уживал глумејќи во сериите, но почнал да се грижи премногу за нив и повеќе не му било забавни. Тој сакал да игра најразлични улоги, со што решил да игра во филмови и да не прифаќа улоги во телевизиски серии.

Премин кон независни филмови (2000–2003) На возраст од 19 години, Гослинг решил да почне да глуми во посериозни филмови. Неговиот застапник го напуштил и во почетокот наишол на потешкотии во обезбедувањето на улоги, поради тоа што тој бил „обележан“ од претходните детски емисии. По споредната улога во драмата Запомни ги Титаните, тој добил главна улога на млад еврејски нео-нацист во филмот Верникот во 2001 година. Режисерот Хенри Бин изјавил дека го избрал Гослинг за оваа улога, бидејќи израснал во Мормонска заедница, што му помогнало да го сфати изолирањето на евреите. Кевин Томас од Los Angeles Times ја пофалил неговата „наелектризирана и застрашувачки убедлива“ изведба, додека Тод Мекарти од списанието Варајети рекол дека неговата изведба не можела да биде подобра од ова. Филмот ја добил наградата од жирито на филмскиот фестивал Санденс но поради контроверзната тема, било тешко да се обезбедат финансиски средства за неговата целосна дистрибуција во кината,Camhi, Leslie (March 17, 2002). "In a Skinhead's Tale, a Picture of Both Hate and Love". The New York Times. па затоа бил прикажан на кабловскиот ТВ канал Showtime. Филмот заработил само 416.925 долари, во споредба со неговиот буџет кој изнесувал 1.5 милиони долари. Гослинг смета дека тој филм бил пресвртница во неговата кариера.

Во филмот Убиство по броеви од 2002 година, Гослинг и Мајкл Пит глумеле средношколци кои биле убедени дека можат да извршат совршено убиство. Сандра Булок била во улога на детектив, ангажирана да врши истрага за убиството. Лиза Шварцбаум од Entertainment Weekly го опишала Гослинг како феноменален талент кој доаѓа до израз дури и во толку лоши филмови, додека Тод Мекарти од Варајети изјавил дека сценариото ги изневерило добрите и харизматични млади глумци. Филмот кој имал буџет од 50 милиони долари имал мал комерцијален успех и заработил 56 милиони долари ширум светот. Неговото второ појавување на филмското платно во 2002 година било во филмот Правило на најсилните кој го прикажува односот помеѓу еден средношколски фудбалер и неговиот проблематичен тренер. Гослинг изјавил дека соработувањето со Дејвид Морс го направил „подобар глумец“. Стивен Холден од The New York Times го опишал Гослинг како „материјал за голема ѕвезда“ со „суровост и јачина“ кои потсетуваат на Мет Дилон", додека Манола Даргис од Los Angeles Times била воодушевена од неговиот „суров талент“. Филмот бил прикажуван во само три американски кина, со што заработил 13.411 долари.

Во 2003 година, Гослинг глумел во филмот Соединетите Лиландски Држави во улога на тинејџер кој е уапсен поради убиство на дете со посебни потреби. Тој бил привлечен за таа улога, бидејќи било невообичаено да се пронајде некој кој ќе биде емоционално отсутен во текот на целиот филм. Роџер Иберт од Chicago Sun-Times рекол дека „надарениот глумец прави сè што е во негова моќ, но сепак, ликот доаѓа од имагинацијата на сценаристот, а не од вистинскиот живот“. А.О.Скот од The New York Times за неговата изведба забележал дека „тој прави се за да го спаси Лиланд од канџите на клишеата, додека Дејвид Руни од Варајети приметил дека „неговата монотона глума, проткаена со неизразеноста, не поседува ни малку од магнетната привлечност што ја прикажува во филмот „Верникот“. Филмот достигнал заработка од 343.847 долари во САД, но не бил прикажан надвор од американскиот континент.

Бележникот и Полу-Нелсон (2004–2009) Гослинг го привлекол вниманието на пошироката јавност во 2004 година, појавувајќи се заедно со неговата канадска колешка Рејчел Мекадамс во романтичната драма Бележникот, филмска адаптација на истоимениот роман на Николас Спаркс'. Тој го глумел Ноа Калун и за својата улога изјавил: „Ова беше можност за мене да глумам еден подолг период иста улога – од 1940 до 1946 – што беше доста длабока и сложена.“ Гослинг се обидел да го исполни својот лик со „тивка сила“, а инспирација добил од Сем Шепард во Денови на рајот. Филмот се снимал во Чарлстон, Јужна Каролина, кон крајот на 2002 и почетокот на 2003 година. Иако, Гослинг и Мекадамс биле впуштени во романса во 2005 година, тие имале борбена врска на сцената. „Го разбудивме најлошото во себе“, рекол Гослинг. „Тоа беше чудно искуство, да создаваш љубовна приказна, а во никој случај да не се согласуваш добро со твојата партнерка.“ Во еден момент, Гослинг го замолил режисерот Ник Касаветес да ангажира некој друг за неговата улога, бидејќи тој забележувал дека Мекадамс не соработува. Од „The New York Times“ ја пофалиле „спонтаната и разгорена“ изведба на двете главни улоги и забележале дека „против сите предрасуди, сите стискаат палци овој пар да ги премине сите препреки помеѓу нив“. Десон Томсон од The Washington Post ја пофалил „заводливата незасегнатост“ на Гослинг и забележал дека „тешко е да не ги сакаш овие двајца и да не им позавидиш на нивната голема љубов“. Филмот достигнал заработка од преку 115 милиони долари ширум светот, и со прилагодувањата за инфлацијата, тој останува најуспешен филм во кариерата на Гослинг до 2012 година. За улогата во овој филм, тој добил четири Teen Choice награди и МТВ Филмска награда.