Јаманака (, ) — езеро во префектурата Јаманаши, Јапонија, близу планината Фуџи. Сместено е кај селото Јаманакако во склоп на Националниот парк Фуџи-Хаконе-Изу.Национален парк Фуџи-Хаконе-Изу — Министерство за животна околина на Јапонија
Ова е најголемо од групата Пет езера на Фуџи по површина и највисоко по надморска височина. Со средна површинска висина од 980,5 м го зазема третото место по височина во земјата. Меѓутоа, ова езеро е најплиткото од петте, со максимална длабочина од само 13,5 м. Настанало со тековите на лавата од некогашно избувнување на Фуџи во праисторијата. Истекува во реката Сагами и е единствено од петте што има природен истек.Rafferty, Tectonics, Volcanoes, and Earthquakes. стр. 135
Во периодот Мејџи езерото е порибено со крап, клен и гавун, а направен е и неуспешен обид за доведување на тихоокеанскиот лосос. Во поново време, странските внесени видови како црн костреш и синоперна сончаница сè повеќе ги истиснуваат домородните видови. Во 1956 г. е забележано присуството на алгата маримо.
Јаманака е популарно место за рекреации како пловидба со чамци, рибарење, скијање на вода, едрење на даска, екскурзии и пливање. Кога дува западен ветер, местото е погодно за надлетување со парагладер од планината Мјоџинјама. На располагање стојат и колиби и места за кампување.
Во 2013 г. езерото е прогласено за светско наследство на УНЕСКО како дел од културното подрачје на планината Фуџи.
Поврзано
Пет езера на Фуџи Национален парк Фуџи-Хаконе-Изу
Наводи
Rafferty, John P. Plate Tectonics, Volcanoes, and Earthquakes. Rosen Publishing (2010), ISBN 1615301062
Надворешни врски „Јаманакако Инфо“ — портал
Категорија:Езера во Јапонија Категорија:Јаманаши (префектура) Категорија:Светско наследство во Јапонија