Иван Шопов (25 јули 1987, Скопје) — македонски писател.

Животопис Иван Шопов дипломирал на Катедрата на општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“https://www.novamakedonija.com.mk/zivot/od-drug-agol// во Скопје. Заедно со Владимир Лукаш, во 2019 година, тој го основал подвижниот културен центар „КЦ 750“. Шопов работел како уредник во издавачката куќа Темплум од Скопје. Тој е сопруг на писателката Николина Андова Шопова.

Творештво Иван Шопов пишува проза, поезија и хаику. Расказите и песните му се преведени на англиски, романски, чешки, српски, хрватски, германски, словенечки и бугарски јазик. За книгата „Азбука и залутани записи“ ја добил првата награда на конкурсот „Новите!“ во 2010 година. Неговите раскази и песни се објавени во неколку списанија. Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), „Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ“. Скопје: Темплум, 2022, стр. 325-328.

Библиографија Шопов е автор на следниве дела:Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 367. Азбука и залутани записиhttps://okno.mk/sites/default/files/068-ivan-sopov-azbuka-i-zalutani-zapisi_0.pdf, раскази, 2010 година; Меше на годината, песни во проза, Темплум, 2012 година; 091 – антиразгледници од Скопје, раскази, 2018 година; Хрониките на Арслан Новинарски, сатирични текстови, 2018 година; Осум наративни прошетки со фиќо или што научив за пишувањето од Застава 750, мини-книга, 2019; Скопје: изгубените чевли на градот, раскази, 2020 година.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Родени во 1987 година Категорија:Родени на 25 јули Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски прозаисти Категорија:Македонски раскажувачи Категорија:Македонски уредници Категорија:Апсолвенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје