Обичното жолтарче () е најмал член на европската семејство ѕвингалки (Fringillidae). Се размножува низ јужна и централна Европа и северна Африка. Ја има и во Македонија. Јужните и птиците од крајбрежјето на Атлантикот се постојани жители, но оние од посеверните краишта се птици преселници што зимуваат понајуг.
Опис Обичното жолтарче е слично на обичната зеленушка, но е малку помало и пожолтеникаво. Долго е 11-12 см. Има изразен полов диморфизам, мажјаците се разликуваат од женките. Горните делови им се жолтеникави, избраздени со потемни, сиви линии. Долните делови, исто така, се избраздени со вертикални шари, бело и жолтеникаво кај мажјаците, бело и сиво кај женките. Над опашката имаат поголема жолта дамка. Кај мажјаците жолтото е поизразено, тоа е еднобојно жолто на челото, грлото и градите, а малку прошарано на главата и тилот. Кај женките сите овие делови се многу прошарани со жолто и сиво и затоа изгледаат побледо. Преку зима, кај мажјаците жолтите делови се прошаруваат, па разликата меѓу половите се намалува. Младенчињата се како женките. Клунот на оваа птица е многу мал и краток, сив како и нозете.http://www.ibercajalav.net/img/428_SerinS.serinus.pdf
Поведение Живеалиштето на обичното жолтарче се парковите и градините во урбаните средини,http://www.sevin.ru/vertebrates/index.html?birds/666.html како и отворениште шумски предели мешани со иглолисни дрвја. Претежно се храни со пупки и семиња, а во сезоната на парење со инсекти. Песната му е брзо чрчорење. Гнездото го прави во крошната на дрвото и несе 3-5 јајца. Вон сезоната на парење формира јата, понекогаш мешани со други видови. Многу се активни и впечатливи.
Наводи
Надворешни врски
Обично жолтарче, видеа, фотографии и звуци на Интернет збирката птици Возраст и пол (PDF; 4.7 MB) од Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze Обично жолтарче - фотографии
Категорија:Ѕвингалки Категорија:Птици на Македонија Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј