Свети Никола — единствена и главна црква во горнореканското село Кичиница. Патронот на црквата се слави на денот на Свети Никола Летен, односно на 22 мај секоја година, кој воедно е и селска слава.Мирчевска, М. П. (2009). „Празнувања на горнореканците поврзани со народната религија“. ЕтноАнтропоЗум, 6: 190-218.

Историја Црквата била изградена во XIX век. Иконите на иконостасот биле изработени во 1849 и 1850 година. Од нив, 32 се забележани и заштитени во Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата, од кои 14 се со потпис на Дичо Зограф, а 18 од непознати автори.Грозданов, Ц. (2005). „Нови прилози за културата и уметноста од XIX век во Западна Македонија, Прилози XXXVI 2“. Одделение за општествени науки, МАНУ. Скопје, Македонија. стр. 46

Од информативната табла поставена над влезната порта од дворот на црквата може да се забележи дека во 2004 година е одобрен проект за обновување на објектот и истиот бил завршен во 2007 година.

Во мај 2014 година, црквата била ограбена и од неа биле одземени четири дрвени икони.„Кражба во црквата Свети Никола во Маврово Ростуше – украдени 4 икони“. Канал 5. 15 мај 2014.

Архитектура Градбата има правоаголна основа со полукружна апсида во задниот дел. Влезната врата е сместена на западната страна, а непосредно пред неа се издига дрвената камбанарија. На ѕидовите од црквата има повеќе прозорци. Црквата е градена од тврд материјал, камен и дрво, од познатите мајстори на мијачката градителска тајфа. Внатрешноста на црквата е живописана, а во живописувањето рабоел и познатиот дебарски мајстор Дичо Зограф.

Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени селските гробишта.

Икони Во црквата се сочувани неколку хартиено-графички икони, меѓу кои бакрорезот на Свети Георгиј Јанински, Свети Никола, Архангел Михаил како ја зема душата на грешникот, како и иконата на Свети Јован Претеча со сцени од неговото житие.„Графичката икона на Свети Георгиј Јанински од црквата во Кичиница“. Огледало. декември 2017. мини|лево|170п|Графичката икона на Свети Георгиј Јанински Најинтересна меѓу нив е онаа на новомаченикот Свети Георгиј Јанински. Најстарата икона на овој светец е создадена десетина дена по неговата маченичка смрт, на 30 јануари 1838 година од страна на зографот Михаил Зикос од Хјониадес и на неа новомаченикот е насликан со фес на главата. Житието, пофалното слово и службата се составени во текот на 1838 година од јеромонахот Хрисант Лаинас од Коница. Иконата на Свети Георгиј е целосно сочувана со незначителни оштетувања во долниот дел, каде што делумно е оштетен приложничкиот запис. На иконата доминира фигурата на Георгиј Јанински, претставен во народна епирска одежда и на главата има фес со пискул. Во десната рака држи крст, а во левата рака палмово гранче како знак на неговото мачеништво. Над неговата глава испишан е натписот на грчки „Ο ΑΓΙΟΣ ΓΕΩΡΓΙΟΣ Ο ΝΕΟΜΑΡΤΥΣ ΟΕΖΖΙ ΩΑΝΝΗΝΩΝ“. Во горниот дел на иконата, носени на облаци, претставени се: Христос, кој го благословува новомаченикот, и од спротивната страна ангелот Господов, кој го носи маченичкиот венец. Зад фигурата на Свети Георгиј Јанински е ведутата на градот Јанина со ѕидините, профаните градби и претстави на цркви, куполни градби и џамија. Над ведутата на градот Јанина испишана е натписот на старословенски „СТЫЙ ГЕωРГЫЙ НОВІИ МҮЧНИКЪ Σ ЯАІНИНО“. Во долниот дел на иконата, до нозете на Свети Георгиј Јанински, претставена е и црквата „Св. Атанасиј“ (грчки: Η ΕΚΚΛΗΣΙΛ ΤΥ ΑΓΙΥ), каде што по неговата смрт се положени неговите мошти, како и чудото што се случило пред црквата. Странично претставени се четири сцени од животот на светецот — од едната страна е Свети Георгиј пред турските старешини, на втората мачењето на светителот со ставање на камена плоча на неговите гради, а од спротивната страна се сцените на испрашувањето на Свети Георгиј пред турските старешини и маченичката смрт на светецот со бесење. Под претставата на светителот испишан е ктиторскиот натпис на грчки „ΔΑΠΑΝΗΣ ΦΙΛΑΡΕΤΥ ΜΝΧΥ ΑΓΙΑ ΤΡΙΑΣ ΠΑΤΡΙΣ ΜΑΙ ΤΥ ΕΙΣ ΑΓΙΟΝ ΟΡΟΣ“.

Благодарениe на сочуваниот ктиторски натпис и споредбата со идентичната икона објавена во корпусот на графички икони од Дори Папастрату, како време на нејзина изработка може точно да се одреди 1845 година. Иконата, односно бакрорезот, е настаната по порачка на монахот Филарет од скитот на црквата Света Троица од Света Гора, а како бакрорезец се потпишал златарот Георги Статис Каларитис.

Галерија

Поврзано Кичиница Тетовско-гостиварска епархија Тетовско архијерејско намесништво Мавровска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Кичиница Кичиница Категорија:Дела на Дебарската школа