Мурат (), Источен Еуфрат или Арсаниј (од ) — река во Турција и еден од покрупните водотеци што го сочинуваат Еуфрат. Извира кај планината Арарат северно од езерото Ван во источна Турција и тече на запад низ планински предели, во должина од 722 км. Пред изградбата на браната „Кебан“, Мурат се влевал во реката Карасу, 10 км северно од неа и 13 км северно од градот Кебан.

Во покраината Муш, течението е прекинато со браната „Алпаслан-1“, изградена во 2009 г. Во подолниот дел од течението се работи на браната „Алпаслан-2“, чија изградба треба да заврши во 2016 г. На крајот, реката се влева во хидроакумулацијата на Кебан.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Реки во Турција Категорија:Источна Анадолија