Таур (, ) — планински систем во Јужна Турција што го дели Средоземниот регион од Анадолската Висорамнина. Системот се протега во лак, од езерото Егирдир на запад до горното течение на реките Тигар и Еуфрат на исток.
Поделен е на три венци (од запад кон исток):
Западен Таур () Ак, Беј, Катранџик, Гејик Среден Таур () Акчали, Булгар, Ала, Тахтали Југоисточен Таур () Нурхак, Малатиски Пл., Маден, Генч, Битлис
Историја
Името Таур доаѓа од старогрчкиот поим , чие потекло има две верзии. Според едната, поимот доаѓа од семитското tûr, што значи „планина“.Оттука арапскиот назив . Според другата пак, планините се така наречени поради на Хуритите и другите стари Сиријци кон богот на бурата, кој има лик на бик (грч. ).„Ταύρος“ — Грчко-македонски речник Се верувало дека тој предизвикувал полноводност во реките Тигар и Еуфрат, кои потоа се поплавувале и давале плодно земјиште.H.W.F. Saggs, The greatness that was Babylon: a survey of the ancient civilization of the Tigris-Euphrates Valley, Sidgwick & Jackson, 2nd Revised edition, 1988, стр. 380. Поради ова, по планините некогаш имало поголем број на храмови посветени на овој бог,Alberto Ravinell and Whitney Green, The Storm-god in the Ancient Near East, стр. 126
Кај Кестел има археолошко наоѓалиште од бронзено време, каде се ископувал калај за добивање бронза.Yener, K.A. (2000) The Domestication of Metals: The Rise of Complex Metal Industries in Anatolia Brill, Leiden, ISBN 90-04-11864-0 Превојот наречен во антиката „Киликиска Врата“ е премин преку венецот северно од Тарс.
За време на Првата светска војна, германско-турските железнички коловоци низ Таур претставувале важна цел за силите на Антантата. Откако го зазеле ова подрачје, конечно дошло до примирје и крај на борбите против Отоманското Царство.Price, Ward "Danger in Taurus Tunnels", New York Times, 16 декември 1918
Географија Планините Ала и Булгар (Болкар) се одликуваат со одронети варовнички карпи, од кои настанале карстни предели со водопади, понорници и некои од поголемите пештери во Азија. Од јужните падини на венецот Беј извира реката Манавгат.
Знаменитости Покрај планинарството и алпинизмот, венецот нуди два скијачки центра — еден во Даврас (25 км од Егирдир и Испарта) и друг во Саклакент (40 км од градот Анталија).
Железничката линија Конија-Адана минува преку забележителниот вијадукт Варда, висок 98 м, кој е изграден од Германците во 1910-тите години.
Западен Таур Западен Таур и остатокот од Таур образуваат лак околу Анталискиот Залив. Овој дел е одвоен од Среден Таур со висорамнината Ташели и реката Ѓоксу. Има поголем број на врвови високи преку 3.000–3.700 м. Групата се дели на четири венци:„Планинарство во Турција“ — портал „Сè за Турција“ Беј (западен) — највисок врв: Кизларсивриси 3.086 м Ала (средиштен) — највисок врв: Демирказак 3.756 м Булгар (југоисточен) — највисок врв: Медетсиз 3.524 м Мунзур (североисточен) — највисок врв: Акбаба 3.462 м Мерџан (во склоп на Мунзур)
Највисока планина во Среден Таур е Демирказак (3.756 м).
Среден Таур Среден Таур приближно се протега на североисток од покраините Мерсин и Анталија
Југоисточен Таур Југоисточен Таур ја образува северната граница на регионот Југоисточна Анадолија и Северна Месопотамија. Тука извираат реките Тигар и Еуфрат.
Поврзано Антитаур (Аладаглар)
Наводи
Надворешни врски
Портал на Таур
Категорија:Планински венци во Турција Категорија:Планини во Турција Категорија:Средоземен регион (Турција) Категорија:Средна Анадолија Категорија:Месопотамија