Големото гушанче или маслинар () е мала врапчевидна птица од семејството на трскарите (Acrocephalidae), од родот на дрвните трскари (Hippolais). Се размножува низ југоисточна Европа и Близок Исток. Ја има и во Македонија. Птица преселница е, што зимува во источна и јужна Африка, од Кенија до Јужна Африка.

Опис Оваа птица е со средна големина од трскарите, но најголем од гушанчињата. По големина е колку дамчестото грмушарче, долго околу 15,5-17 см, со малку подолг клун и пократка опашка. Главата му е сплескана, крилјата долги, а нозете тешки. Одозгора е сивкавокафеав, а одоздола валканобел.

Поведение Живеалиштето на оваа птица се отворените дабови шуми, насадите со маслинки, овоштарниците и плантажите со бадеми.

Се храни, како и другите трскари, со инсекти.

Гнездото го гради на мали дрвја или во грмушки и несе 3-4 јајца.

Песната му е спој од чкрипење и врескање, малку пониско од другите трскари, а исто така, и поспоро.

Статус Во Европа, што сочинува 95% од вкупниот број, има 11.000-23.000 пара од овие птици, односно околу 33.000 - 69.000 поединци.BirdLife International 2004 Според Црвениот список на МСЗП оваа птица е класифицирана како вид со најмала загриженост.

Наводи

Надворешни врски Avibase

Категорија:Трскари Категорија:Птици на Македонија