Конопларчето () е мала врапчевидна птица од семејството на ѕвингалките (Fringillidae). Се размножува низ Европа, западна Азија и северна Африка. Ја има и во Македонија. Делумно е постојан жител, но многу птици од северот и истокот се селат на југ од опсегот или на крајбрежјата. Нејзиното научно име, како и македонското, се однесуваат на конопот, поточно на семето од лен, кое го фаворизира.
Опис Конопларчето е тенка птица со долга опашка. Во должина е околу 13 см, има распон на крилјата околу 25 и тежи 21 грам. Горните делови се кафеави, грлото валканобела боја, клунот сив. Карактеристични кај мажјакот во сезоната на парење се црвената дамка на круната и црвените гради. Женките и младенчињата немаат црвена боја, нивните долни делови се белкави, а градите се избраздени со линии, кремавопортокалови. Главата им е сивокафеава.
Поведение
Живеалиштето на конопларчето се отворените пространства, пустарите со ниски грмушки за гнездење. Се среќава и во парковите и градините, а понекогаш и близу до човекот од кој не се плаши. Гнездото го прави во ниските грмушки и несе 4-7 јајца.
Овој вид вон сезоаната на парење формира големи јата, понекогаш и со други видови.
Песната на конопларчето е пријатно брзо чрчорење, помешано со разни мелодии.
Се храни на земја или ниско во грмушките, претежно со семиња, со кои ги храни и младенчињата. Сака мали и средни семиња, мешунки и понекогаш јаде скакулци.
Подвидови Има неколку подвидови: Carduelis cannabina bella Carduelis cannabina autochthona Carduelis cannabina guentheri Carduelis cannabina cannabina Carduelis cannabina harterti Carduelis cannabina meadewaldoi Carduelis cannabina mediterranea
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Avibase ARChive Фотографии, видео BBC Wildlifefinder BBC видео, звуци и информации за конопларчето Возраст и пол (PDF; 4.8 MB) од Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze
Категорија:Ѕвингалки Категорија:Птици на Македонија Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј