Шпанското врапче () е врапчевидна птица од семејството на врапчињата (Passeridae). Распространето е низ Средоземјето и Југозападна и Средна Азија. Го има и во Македонија. Многу е слично на блиското градско врапче, а двата вида ја покажуваат нивната релација во биолошкото соединување на хибридизацијата во средоземниот регион, што ја усложнува таксономијата на овој вид.

Опис

Шпанското врапче е поголемко врапче, со должина од 15 до 16 см и тежина од 22 до 36 грама. Малку е поголемо и потешко од градското врапче, а исто така, има малку подолг и подебел клун. Мажјакот е сличен на градското врапче во перјето, но се разликува во долните делови кои се повеќе избразденопрошарани со црно, со покостенливата, а не сива круна, и повеќе бели отколку сиви образи. Женките уште помалку се разликуваат од градските врапчиња. Тие се целите сивокафеави, со подебели шарки, имаат светли линии од страните, кремава линија над окото и широки кремави линии на грбот.

И во огласувањето овие птици се слични со градското врапче. Вокализацијата на мажјакот во нешто се разликува кога тој се покажува крај гнездото. Тоа е пар остри двосложни чрчори, слични на градското врапче, но погласни и повисоки, кои може да ги опишеме како чвиинг-чвиинг, чиила-чиили. Сличен повик, но помек цчилп, се користи кога птиците пристигнуваат во местата за спиење.

Систематизација

Има два подвида: западниот, номинираниот подвид hispaniolensis, и источниот transcaspicus, опишан од австрискиот орнитолог Шмитхофен (Viktor von Tschusi zu Schmidhoffen), 1902 година. Птиците во Мала Азија и Кипар се сметаат за подвидот P. h. transcaspicus, но птиците што се уште понаисток се некој меѓуподвид.

Распространетост и живеалиште

Шпанското врапче е распространето низ Средоземјето, Макаронезија и југозападно до Средна Азија. Неговиот опсег се прошири во изминативе два века, на Балканот, каде од 1950 го има постојано; и во Макаронезија, каде проширувањето се препишува на населување со патување со брод, но поверојатно е дека се работи за природно проширување со скитништво на миграциските птици. Со скитништво стигнало и до Шкотска и Норвешка.

Во поголемиот дел од својот опсег, шпанското врапче се јавува заедно со градското. Во таквите области, двата вида се размножуваат во обработливите земјишта и отворените шумски предели, со тоа што шпанското претпочита повлажни, мочурливи живеалишта. Во областите каде нема градски врапчиња, шпанските може да живеат во урбаните средини, како на Канарските Острови, Мадејра и некои средоземни острови. Во неколку урбани области, како што се оние во источна Сардинија, примарен вид врапче е селското.

Поведение

Шпанско врапче никогаш не е само, тоа е секогаш во јато, и кога се храни и кога се размножува. Зимно време, или талкаат номадски или имаат регуларна преселба.

Малку е познато за начинот на преживување, но најдолгиот животн век кој е забележан е 11 години.

Исхрана Како и другите врапчиња, и ова се храни претежно со семиња од житни и други тревки, исто така, јадат лисја, овошје и други растителни материјали. Младите птици се хранат претежно со инсекти, а и возрасните, исто така, за време и пред сезоната на парење. При ловот на инсекти е опортунист, хранејќи се со било кој инсект кој е достапен.

Размножување

Шпанските врапчиња гнездат во големи, густи колонии, па дури делат исти гнезда. Обично се сместени во дрвја или грмушки, под гранки или под големи гнезда, како тоа на штркот. Мажјаците повеќе време поминуваат при изградбата на гнездото од женките. Колонијата може да има од 10, па до 100 и 1.000 пара. Секој пар има 3–8 јајца, кои се инкубираат 12 дена, а пилињата се оперјуваат по околу 14 дена.

Статус Европската популација на овој вид изнесува меѓу 2,800,000 и 6,200,000 пара, или 8,400,000–18,600,000 поединци. Глобалната популација, пак, се претпоставува дека е меѓу 17 и 74 милиони поединци. Според Црвениот список на МСЗП се смета за вид со најмала загриженост.

Наводи

Надворешни врски

Шпанско врапче, видео, фотографии и звук на Интернет збирката птици Шпанско врапче на ARKive

Категорија:Врапци Категорија:Птици на Македонија