мини|Црква во Зелов Меркиш-Одерланд () — округ во источниот дел на сојузната покраина Бранденбург, Германија. Соседни окрузи се (од север надесно) округот Барним, државата Полска, слободниот град Франкфурт на Одра, округот Одра-Шпре и сојузната покраина Берлин. Административното седиште на округот е во Зелов, додека најголем град е Штраусберг.
Географија
Округот се протега од Берлин до реката Одра и полската граница на исток. Вклучува мочуришна областа долж Одра позната како Одербрух („Oderbruch“), околу 60 километри во должина и 17 километри во ширина. Одербрух била првично исушена и населена во 18 век. Остатокот на округот е главно земјоделски.
Историја
Округот потекнува од округот Лебус и Обербарним, кои биле создадени во 1816. Округот Лебус потекнува од Ланд Лебус (Land Lebus), област околу градот Лебус. Во 1863 Зелов станал седиште на окружната администрација на Лебус, а во 1950 округот бил преименуван во Зелов (Kreis Seelow). Во 1952 окрузите биле поделени на три дела, Бад Фрајенвалде, Зелов и Штраусберг. Во 1993, трите дела биле споени за да го создадат моменталниот округ - новото име се однесува на земјата од Северната марка на реката Одра.
Грб
Грбот го покажува орелот на Бранденбург во горната половина. Долната половина исто така покажува грб на поранешниот грб Обербарним. Во долната половина се наоѓаат две куки и ѕвезда, преземени од грбот на поранешниот округ Зелов. Брановитата линија ја покажува реката Одра.
Градови и општини
Слободни градовиОпштински заедници Алтландсберг Бад Фрајенвалде Минхеберг Зелов Штраусберг Врицен
Слободни општини
Фредерсдорф-Фогелсдорф Хопегартен Лечин Нојенхаген кај Берлин Петерсхаген-Егерсдорф Ридерсдорф кај Берлин1. Барним-Одербрух[седиште: Врицен]
Блисдорф Нојлевин Нојтребин Одерауе Прецел Рајхенов-Меглин
2. Фалкенберг-Хее
Бајерсдорф-Фројденберг Фалкенберг1 Хекелберг-Брунов Хеенланд
3. Голцов
Алт Тухебанд Блајен-Геншмар Голцов1 Кистринер Форланд Цехин
4. Лебус
Лебус1, 2 Поделциг Рајтвајн Треплин Цешдорф5. Меркише Швајц
Буков1, 2 Гарцау-Гарцин Обербарним Рефелде Валдзиферсдорф
6. Нојхарденберг
Гузов-Платков Меркише Хее Нојхарденберг1
7. Зелов-Ланд[седиште: Зелов]
Фалкенхаген Фихтенхее Лицен Линдендорф Фирлинден1седиште на општинската заедница;2град
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница Историја и информации