Сир Дарја (; ; ; ; ) — река во Средна Азија. Во антиката се нарекувала Јаксарт (од староперсискиот назив Јахша Арта = „Голема Бисерна“). Во сите средновековни арапски текстови реката се нарекува Сајхун () и претставува една од четирите реки што извираат од Рајот (другите три се Аму Дарја, Нил и Еуфрат).Вовед на „Муџам ел-булдан“ од Јакут ел-Хамави, стр. 30
Географија Реката настанува од два извора во масивот Тјеншан (Тенгирто) во Киргистан и источен Узбекистан — реките Нарин and и Кара Дарја. Тече во должина од 2.212 км во западен и северозападен Узбекистан и јужен Казахстан, па завршува во Аралското Езеро. Сливното подрачје зафаќа површина од 800.000 км2, но удел во снабдувањето на реката имаат највеќе 200.000 км2. Сир Дарја има мошне скромен истек од 37 км2 годишно, што е само половина од оној на Аму Дарја.
По течението рекака ги снабдува со вода најполодните полиња на памук во цела Средна Азија, но и градовите Коканд, Хуџанд, Кизилорда и Туркестан.
Историја Реката Сир Дарја ја бележела северната граница на Македонската империја. По Битката кај Јаксарт (329 п.н.е.), Александар III Македонски го проширил и преименувал тогашен Кирополис, претворајќи го во градот Крајна Алекандрија (Александрија Есхата).
За времето на Кокандскиот ханат во XVIII век е изградена голема каналска мрежа низ пределите кајшто тече реката. Во советскиот период се направени многу крупни потфати во системот за наводнување, на памучните полиња, што подоцна предизвикало големи еколошки оштетувања. По овие прекопи, реката секнува долго пред да стаса до Аралското Езеро, и затоа истото е сведено на мал остаток од некогашното езеро. Во памукопроизводните краишта денес живеат милиони жители, што претставува значајна потешкотија во обидите да се поврати полноводноста на езерото.
Поврзано Аму Дарја
Наводи
Надворешни врски
Сир Дарја — Енциклопедија „Британика“ Јаксарт — Проект „Ливиј“ Канал „Евроазија“
Категорија:Реки во Таџикистан Категорија:Реки во Узбекистан Категорија:Реки во Казахстан Категорија:Реки во Азија