Кистринер Форланд (, ) — општина во округот Меркиш-Одерланд, во Бранденбург, Германија, на границата со Полска.

Историја

Општината била основана на 1 јануари 1998 со спојување на Кистрин-Киц со селата Горгаст и Маншнов. Кистринер Форланд е дел од општинската заедница Голцов.

Селото Кистрин-Киц бил западниот дел од Кистрин (денес полскиот град Костшин на Одра) до поделбата и спроведувањето на границата Одра-Ниса во 1945. Градските делови западно од реката Одра припаднале на Источна Германија и биле преименувани во Киц во 1954. Во 1991 жителте изгласале враќање на историското име.

Припоеното село Горгаст (полски: ГоргошчMapa Polski 1:500 000 Wojskowy Instytut Geograficzny Sztabu Generalnego W.P., Warszawa 1947), некогаш седиште на Редот на Светиот Јован, поседува историска тврдина завршена во 1889, како дел од системот за утврдување Кистрин и парк направен според плановите на Петер Јозеф Лене.

Наводи

Категорија:Меркиш-Одерланд Категорија:Бранденбург (покраина)