мини|десно|Општ хемиски состав на мастите и маслата Масло — вискозна течна хемиска супстанца, нерастворлива во вода, но растворлива во алкохол и етер. Содржи големо количество на јаглерод и водород, а според физичките особини е запаливо и лизгаво. По потекло маслото може да биде животинско, растително или минерално. Постојат испарливи или неиспарливи масла.

Видови масла Органски масла мини|десно|исправено|Шише сончогледово масло Органските масла се добиваат од најразлични видови растенија, животни и други организми што се лачат со природните метаболични процеси. Научниот поим „липид“ се однесува на масните киселини, стероиди и слични хемиски супстанции што се содржат во маслата и мастите на живите организми, а маслото е поим за општата мешавина од супстанции. Освен липиди, органските масла може да содржат други состојки како белковини, восок и алкалоиди.

Липидите можат да се поделат според начинот на кој се создаваат во организмот, нивната хемиска структура и ограниченоста на растворливостта споредени со масла. Содржат многу јаглерод и водород, со значаен недостаток на кислород во споредба со органските соединенија и минералите.

Минерални масла Минералните масла се добиваат со рафинирање на сирова нафта и играат значајна улога во современото стопанство. Самата нафта доаѓа од фосилизирани органски материи, како зоопланктони и алги, кои со текот на долг временски период се претвораат во нафта по геохемиски пат. Овие масла не се буквално минерални — нафтата не се добива од минерали, туку се нарекува така бидејќи органските материи се помешани со и сместени помеѓу минерали во земјата.

Примена мини|десно|исправено|Моторно масло Исхрана

Маслото за јадење (зејтин) се добива од животни (во облик на путер, животинска маст и сл.) или растенија (сончогледово, маслиново, пченкарно, маргарин и многу други).

Козметика Во козметиката, маслото се нанесува како омекнувач кожата и косата, поттикнувајќи го нејзиниот раст.Најдобро масло за раст на косата

Религија Маслото има видно место во религијата, во обредот миропомазание и како гориво за кандила.

Сликарство Сликарските пигменти се мешаат со масла за да добивање на трајна боја во масленото сликарство. Најстарите постоечки слики во маслена техника датират од 650 г.Во Авганистан пронајдени најстарите маслени слики — Discovery News, 19 февруари 2008

Разладување Маслата се користат како разладувачи во електрични строеви како што се трансформаторите.

Подмачкување Во индустријата и механиката, маслото има важна улога како мазиво (подмачкувач) за намалување на триењето на деловите. Ова се претежно минерални масла , но има и механизми што се подмачкуваат со растителни масла како што е лененото.

Органските масла се користат во еколошката хемија („зелена хемија“).

Поврзано Маст Моторно масло Етерично масло Растително масло Масло за јадење Подмачкување Емулзија Восок

Наводи

Надворешни врски

Типови на растителни масла — „МиГусто“ Основи на мастите, мазивата и маслата

Категорија:Масла Категорија:Мазива Категорија:Течности