Австрија е федерална држава сочинета од девет сојузни покраини ().

Секоја покраина има собрание (), покраинска влада () и управник (). Изборите се одржуваат на секои пет години (шест во Горна Австрија). Управникот се гласа во собранието. Виена е посебен случај, каде градскиот совет и градоначалникот воедно имаат улога на покраинска управа.

Покраините имаат мошне ограничени права во носењето на закони, што не било случај секогаш. Во прво време уживале многу поголема автономија, но со време државата претрпила постепена централизација. Денес во покраинска надлежност се зонското планирање, заштитата на природата, ловот, риболовот, земјоделските работи, заштита на младите, извесни аспекти од здравството и социјалата и поситни давачки.

Функцијата на управникот има поголема политичка тежина бидејќи е надлежен за спроведување на политиката и одлуките на централната власт, покрај зонското планирање и јавните набавки.

Сојузни покраини Покраините во Австрија, подредени по азбучен ред, се следниве: Грб Сојузна покраина Главен град Македонски Германски 30п Градиште Ајзенштат 40п Виена — 30п Горна Австрија Линц 30п Долна Австрија Санкт Пелтен 30п Корушка Клагенфурт 30п Предарлска Брегенц 30п Салцбург Салцбург 30п Тирол Инсбрук 30п Штаерска Грац

Население и површина На следнава табела се претставени податоците за населението, површината и густината на населеност на покраините на 1 јануари 2011 г. според Статистичката служба на Австрија:Сојузни покраини — Статистичка служба на Австрија

Бр. Покраина Главен град Население Површина(км²) Густина(жит/км²) Градови Села 1 Виена – 1.707.000 414,65 4.113,3 1 0 2 Долна Австрија Санкт Пелтен 1.609.800 19.186,26 83,9 75 498 3 Горна Австрија Линц 1.412.300 11.979,91 117,9 32 412 4 Штаерска Грац 1.208.900 16.401,04 73,7 34 508 5 Тирол Инсбрук 708.900 12.640,17 56,1 11 268 6 Корушка Клагенфурт 560.700 9.538,01 58,8 17 115 7 Салцбург Салцбург 531.800 7.156,03 74,3 10 109 8 Предарлска Брегенц 370.200 2.601,12 142,3 5 91 9 Градиште Ајзенштат 284.000 3.961,80 71,7 13 158

Поврзано

Географија на Австрија Окрузи во Австрија Демографија на Австрија Градови во Австрија ISO 3166-2:AT

Наводи

Категорија:Административна поделба на Австрија Категорија:Списоци за Австрија Категорија:Првостепени административни единици на земјите Категорија:Списоци на административни единици на земјите