Александар Петрович Везенков-Косарин (роден во Крушево, 9. XII 1867) - драмски уметник, син на Петар, братoт на Стојан Везенков, и братучед на Владимир Везенков. Студирал во Москва и Одеса (1891–95). Како соработник на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург и поборник за независна македонска држава, од името на „македонските автономисти“, полемизира со руските словенофили, и е потписник (покрај Димитрија Чуповски, Наце Димов и Гаврил Константинович“Македонски Глас“ - Орган на приврзаниците на независна Македонија, бр. 1, 9 јуни 1913 г., стр 23) на Меморандумот на Македонските народници од декември 1913 г., испратен до Лондонската мировна конференција по повод новото тројно ропство во Македонија.Македонска Енциклопедија, Скопје, 2009 г., стр. 253
Наводи
Категорија:Македонски општественици