Сашо Ордановски (р. во ) — македонски новинар и политички аналитичар. Завршил студии по новинарство на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Дејности Со новинарство почнал да се занимава во почетокот на 1980–тите, а првиот новинарски текст го објавил 1984 во „Млад борец“. По згаснување на „Млад борец“ во раните 1990-ти, Ордановски преминал во неделникот „Пулс“. Во својата професионална кариера бил директор и главен уредник на МТВ (1994–1996),Македонска енциклопедија (втор том), МАНУ, Скопје, 2009, стр. 1081 главен уредник на списанието „Форум“ (1997–2007), како и директор на телевизијата Алсат М (2008–2011). Одредено време бил и претседател на невладината организација „Транспарентност Македонија". Има направено интервјуа со повеќе светски политичари, меѓу кои и американскиот претседател Бил Клинтон. Бил еден од продуцентите на холивудскиот филм „Миротворец“ од 1997 со Џорџ Клуни и Никол Кидман во главните улоги. Од 2018 до 2019 година работел во 1ТВ како водител и уредник. Во период (2019-2022) бил главен и одговорен уредник на емисијата „Утрински брифинг“ и Слободен печат. Од 2023 година, заедно со својот колега новинарот Борјан Јовановски, тие се уредници на емисијата „Политиканти.мк“ која прва и втора сезона биле емитувани на „Слободна ТВ“, а од трета сезона се прикажува на Инфомакс.

Наводи

Надворешни врски Сашо Ордановски во „Патот до успехот“ Полемика на „Утрински Весник“ за електронското новинарство. Латас контра Ордановски

Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски телевизиски водители Категорија:Македонски водители Категорија:Македонски уредници Категорија:Македонски продуценти Категорија:Југословенски новинари Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“