270px|мини|десно|На Мокров (расказ од животот на Македонците) На Мокров (расказ од животот на Македонците) — прозен расказ напишан од Петар Поп Арсов. Објавен е во списанието „Лоза“, кој бил офцијален орган на Младата македонска книжевна дружина. Дејството на расказот се случува во Богомила и во потесното подрачје на Азот, при што се отсликува еден секојдневен настан од животот во Османлиска Македонија. Поп Арсов на еден мошне интересен начин го прикажал менталиетот на македонскиот народ. Во расказот Поп Арсов, во лицето на еден патник ги пренесува своите размислувања и пораки до народот. Тој пишува:
Поп Арсов, во расказот ги предава дијалектите на македонскиот јазик со карактеристичниот дијалект на Азот. Расказот е напишан со типичен лозарски правопис кој е усовршен и е единствен таков текст објавен во Лоза. Петар Поп Арсов е првиот Македонец Стојан Ристевски, создавање на макеоднскиот литературен јазик, Скопје, 1988, 49 што во овој текст за меките македонски согласки ја употребува формата по графеми онака, како што Крсте Петков Мисирков ги употребил по 11 години. Новините кои Поп Арсов ги вградил во својот расказ подоцна послужиле како урнек на Мисирков, кој ја употребил истата форма на графеми за меките македонски консонати во веќе легендарната книга За македонцките работи Ванчо Ѓорѓиев, Петар Поп Арсов. Прилог кон проучувањето на македонскотонационалноослободително движење, Матица Македонска, Скопје, 1997. Извори
Категорија:Дела на Петар Поп Арсов