Ќерамидница — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Кочиште. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа во непосредната близина на селото, на југоисточната страна, во нива на месен жител. каде се среќава множество фрагменти од печени тули. Името на наоѓалиштето зборува за можна работилница за подни и покривни тули и ќерамиди.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Грамаѓе — населба и некропола од доцноантичко време; Манастириште — сакрален објект од доцноантичко време; Кочиште; Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;

Наводи

Категорија:Кочиште