мини|десно|250п|Убиениот Орт под нозете на Херакле и Герион Црвенофигурална вазна Орт, Ортр или Ортар (; ) во старогрчката митологија е двоглаво куче, син на Тифон и Ехидна.

Митологија Орт му бил брат на многу попознатиот Кербер и татко на Сфингата. Некои преданија го опишуваат како куче со седум змејски глави.Војтех Замаровски, Јунаците на античките митови, Лексикон на грчката и римската митологија, Загреб 1985, стр. 251. Тој на островот Еритија ги чувал говедата на Герион заедно со овчарот Евритион. Еден од подвизите на Херакле бил да му ги донесе тие говеда на Евристеј кои биле прочуени по својата убавина. За да ја изврши таа задача Херакле ги убил Орт и Евритион, а потоа и џинот Герион.Цермановиќ-Кузмановиќ, А. & Драгослав Срејовиќ, 1992, Лексикон на религии и митови, Современа администрација, Белград.

Наводи

Надворешни врски

Орт на Теои проектот

Категорија:Старогрчки митски суштества