Велешка нижа гимназија По завршувањето на основното образование во Богомила, во учебната 1881/82 година се запишал во велешката нижа гимназија која била финансирана од Велешката црковноучилишна општина. Во однос на црковноучилишното дело, велешкото граѓанство било хомогено и одтука со успех била крунисана борбата против Цариградската патријаршија во 1868 година, кога била отврфрлена нејзината јурисдикција.

Во 70-тите години на 19 век дошло до обединување на двете општини во една Велешка црковно-училишна општина. Таа ги презела сите ингеренции од црковно-училиштен и општествен карактер, дејствувајќи самостојно и врз принципите од црковното и обичајното право . Македонските општини, поради отсуствотото на македонската држава и црква, претставувале: еден вид на неофицијален народен парламент како што ги нарекол и самиот Петар Поп Арсов, преку кои народот го закрепнувал и зачувал стариот словенски демократски дух. Меѓутоа, против таквиот од на работите истапила новата духовна покровителка на велешани - Бугарската егзархија Ванчо Ѓорѓиев, Петар Поп Арсов. Прилог кон проучувањето на македонското националноослободително движење, Скопје, 1997.

Според членот 10 од султанскиот ферман од 28 февруари 1870 година за основањето на Бугарската егзархија, таа под своја јурисдикција ја добила Велешката епархија. Егзархијата го согледала значењето на македонските општини, одтука таа настојувала на нивно чело да постави личности што ќе го спроведуваат и ќе ги бранат големобугарските интереси во Македонија. Егзархијата во учебната 1882/83 година, кога Петар бил во вториот клас, успеала под своја контрола да ги постави сите училишта во Велес. Според Егзархискиот правилник за училиштата, со нив управувал директор или главен учител над кого била спроведувана контрола од претседателот на општината. 150px|мини|лево|Егзархот Јосиф Ithumb|350px|десно|Велес во 1863 година Претседателот бил должен да доставува редовни тримесечни рапорти до Бугарската егзархија и годишен отчет за сета работа. Егзархијата го искористила општиот економски колапс на Османлиското Царство Димитар Димески, Македонското национално-ослободително движење во Битолскиот Вилает (1893–1903), Скопје, второ издание, 1982 и Велес. Поради опаѓањето на економската моќ на велешките граѓани, дошло и до опаѓање на приходите на Велешката општина и работата на класното училиште, кое својата најдлабока криза ја преживеало во периодот помеѓу 1878 - 1882 година. Состојбата била искористена од Егзархијата која успеала да воспостави контрола над македонските училишта. Оттогаш датираат и првите борби на велешката интелигенција и граѓанство против мешањето на Егзархијата во општинските работи . Во оваа атмосфера, во учебната 1883/84 година Петар Поп Арсов го завршил нижото гимназиско образование. Ванчо Ѓорѓиев истакнува дека:

Солунска егзархиска гимназија св. Кирил и Методиј

мини|лево|150п|Григор Прличевмини|десно|350п|Учителите и учениците од Солунската гимназија во учебна 1888-1889 година Солун како политички, економски и културен центар на Македонија и нејзина врска со светот, одиграл заначајна улога врз проширувањето на мирогледот на многумина Македонци дојдени од внатрешноста, вклучително и врз младиот Петар Поп Арстов. Во учебната 1884/85 година се запиѓал во четврти клас при Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Низ клупите на оваа гимназија минале голем број на македонски револуционери: Ѓорче Петров, Пере Тошев, Дамјан Груев, Гоце Делчев, Борис Сарафов и други Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003.

Таа имала престиж и реноме над останатите образовни институции, не само егзрхиски туку и во однос на сличните институциите на останатите пропаганди во Македонија. Во неа предавале еминентни македонски и странски професори . Гимназијата располагала со опремени кабинети, нејзината библиотека располагала со богата литература од светско реноме: Виктор Иго, Димитриј Иванович Писарев, Шекспир, Гогољ, Пушкин, Лермонтов и други. Меѓу учениците кружела и забранета литература, отука гимназијата уште од своето основање се наоѓала во фокусот на револуционерните пулсации .

Таквата клима во гимназијата моѓел да ја почувствува уште во првата година од своето школување во Солун. Имено, во почетокот на 1885 година дошло до училиштен бунт, предводен од Пере Тошев и Ѓорче Петров. Поради бунтот биле исклучени 14 ученици. Оваа мерка само привремено ги смирила духовите во гимназијата. Во гиманзијата пристигнувале и други ученици од сите краишта на Македонија. Тие меѓусебно се запознавале и взамено си влиајеле. Во учебната 1886/87 година во петтиот клас на гимназијата се запишал Даме Груев.

Двајцата набргу се запознале и формирале училиштен кружок кој се занимавал со разни прашања од минатото, но и од современоста, општата состојба во Македонија. Активноста на овој кружок особено се почувствувал во учебната 1887/88 година кога дошло до нов училиштен бунт. Поводот за бунтот биле политичките борби помеѓу русофобите и русофилите во Бугарија, тие се прошириле во солунската егзрахиска општина и гиманзија . Политичките борби биле искористени од учениците за истакнување на своите барања. Тие го организирале бунтот затоа што: Не можеле да работат на бугарски јазик, туку сакале да им се предава на нивниот домашен македонски дијалект Климент Џамабазовски, Културно-општестевните врски на Македонците со Србија во текот на 19 век, Скопје, 1960. Тогаш Поп Арсов го добил првото револуционерно крштевање Петар Стојанов, Петар Поп Арсов во националното револуционерно движење на макеоднскиот народ (1868-1919) Скопје, 1963 и заедно со своите сомисленици застанал на патот на големобугарските стремежи во Македонија . Најпрво се побунил целиот шести клас во кој бил и Даме и петмина од седмиот клас. Учениците побарале да се смени директорот или во спротивно се заканиле дека ќе го напуштат интернатот и гимназијата. Поради притисокот на учениците директорот Кандиларов бил отстранет, меѓутоа не дошло до смирување на напнатата состојба. Кон крајот на јануари 18 ученици од седмиот клас се побуниле и го напуштиле пансионот. За нов директор бил поставен Никола Начов, кој донел одлука за исклучување на осумина ученици, намалување на поведението, одземање на стипендиите и забрана за излегувањето од пансионот. Поради оваа одлука, како знак на протест половина од учениците на седмиот клас ја напуштиле гиманзијата, а во текот на овие случувања од гимназијата биле исклучени 38 ученика. Меѓу исклученте биле Даме Груев и Петар Поп Арсов. Ванчо Ѓорѓиев за овие настани истакнува:

Нив нешто ги мачи 150px|мини|лево|Стојан Новаковиќ|мини|десно|350п|Улицата Цар Душан во 90- те година на 19 век, во позадината на левата страна е домот на друштвото св. Сава Случувањата во солунската гимназија од првата половина на 1888 година биле внимателно следени од српскиот конзул Петар Карастојановиќ. Сите информации кои бил поврзани со овие случувања ги добивал од економот на гимназијата Темко Попов. српската пропаганда во Македонија уште од 1886 година, сакала да ја парализира работата на Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ . Исклучувањето на македонските ученици било погоден момент за српската пропаганда да се добере до лесен плен кој според нејзините разбирања можел да се обработи и отпосле да послужи како спроводник на српската асимилаторска политика во Македонија .

Темко Попов стапил во контакт со исклучените ученици, како и со оние кои доброволно ја напуштиле гимназијата. Тој им ветил дека ќе им овозможи да го продолжат образованието во Кралството Србија . На учениците им била ветена морална поддршка и стипендии доколу го продолжат образованието во Белград . Карастојановиќ за контактите го известил српскиот дипломатски претставник во Цариград Стојан Новаковиќ и кај негого го испратил исклучениот прилепчанец Панта Кондов за да преговараат. Пред Новаковиќ, Кондов истакнал дека: тие не можеле да работат на бугарски јазик и сакаат да работат и да им се предава на нивниот домашен македонски дијалект . Набргу дошло до преписка помеѓу српскиот конзул во Солун, дипломатскиот претставник во Цариград, Министерството за надворешни работи и Министерството за просвета на Кралството Србија.

Министерството за просвета искажало подготвеност да ги прифати исклучените македонски ученици и да им одобри стипендии, но под услов завршувањето на образованието да се вратат во Македонија и да дејствуваат во интерес на српската идеја. Набргу потоа се започнало со практична реализација на планот за префрлање на учениците во Србија. За таа цел, во Солун пристигнал Светомир Николаевиќ, претседател на друштвото Свети Сава. Тој во јуни успешно ја префрлил првата група од 13 ученици. Во оваа група бил и Петар Поп Арсов. Во средината на септември 1888 година, Петар Тодоровиќ ја префрлил втората група во која бил Даме Груев. До крајот на 1888 година, поединечно или групно во Србија пристигнале уште десетина ученици. Српските фактори успеале да приберат вкупно 33 млади Македонци. Поп Арсов во Белград се запишал прва година на Филозофскиот факултет, оддел филологија, како вонреден студент . Тој станал питомец на Министерството за надворешни работи и бил сместен во приватна куќа. Претпоставените Срби сакале во срцата на македонските ученици да ја всадат српската идеја, отука тие требало да имаат постојна контрола над учениците. Тргнувајќи од оваа позиција, Светомир Николаевиќ поднел барање до Министерството за просвета и црковни работи да се подготви еден пансион за сите ученици. На 1 ноември 1888 година бил отворен Светисавскиот пансион во куќата на владиката Виќентие. Тука биле сместени 32 питомци, меѓу нив бил и Петар Поп Арсов. Тука: бегајќи од едно разочарување, учениците наидуваат на друго, уште потешко Гане Тодоровски, Макеоднска правостина, Скопје, 1985.

Асимилаторскиот однос на претпоставените, кои дури ги принудувале учениците писмата до своите семејства да ги пишуваат на српски јазик, предизвикале разочарување и огорченост кај Поп Арсов уште на самиот почеток. Отука, тој заедно со 6 - мина дригари, сите студенти во прва подина на Филозофскиот факлутет, на 22 ноември 1888 година, поднел жалба до Министерството за просвета, во барањето меѓу другото било истакнато: Друштвото Св. Сава со своето грижење не доведе во незгодна состојба, во такви околности ние не можеме да го продолжиме натамошното образование . Во жалбата било побарано средствата наменети за нивната издршка да им се дава лично и сами да се грижат за себе. Како причина за своето незадоволство ги навеле лошите услови во интернатот: Да се спие на сламарница и перници наполнети со слама, да се покриваме со ќебиња, кои пшокрај тоа што се тенки, уште полни со гној и крв од ранениците, да работиме по четворица на една асталче, ние не можеме и не сме навикнати . Ванчо Ѓорѓиев истакнува дека незадоволството всушност било предизвикано од неразбирливиот српски јазик . Набргу потоа дошло до судир помеѓу учениците и претпоставените во пансионот. Инцидентот завршил со исклучување на Диммитар Попов, најблискиот соработник на Поп Арсов, како бунтаџија. Меѓутоа незадволството останало. За оваа состојба Светомир Николаевиќ во својот извештај до Министерството за надворешни работи истакнал: Оние ученици што се родум поблизу до Србија, како од Скопје, Тетово и Куманово, ќе бидат добри за нашата народна мисла, т.е за мислата на српското едниство. Но за оние од внатрешноста на Македонија, нив нешто ги мачи. Тие немаат решителност како првите и уште се сомневаат во можноста од блиско српско ослободување . мини|лево|150п|Светомир Николаевиќ350px|мини|десно|Филозофскиот факултет во Белград, кон крајот на 19 век