Буника или црна буника () — токсично растение од на зрнците (Solanaceae) со потекло од Евроазија, а денес распространето низ целиот свет.

Во минатото се користела заедно со други растенија како мандрагората, лудото билје и татулата as an анестетик, но и во „волшебни напитоци“ поради психоактивните особини. Дејството се одликува со халуцинирање и чувство на летање.Schultes & Smith 1976, стр. 22 Билката традиционално се користела ширум Европа, Азија и арапскиот свет.Joseph Perez, Janet Lloyd, The Spanish Inquisition, Yale University Press, 2006, ISBN 0-300-11982-8, ISBN 978-0-300-11982-4, стр. 229 footnote 10] Римскиот природонаучник Плиниј Постариот говори за употребата на буниката во Стара Грција, каде се нарекувала „Аполонова билка“. Растението го земале свештеничките на Аполон за да дојдат до пророштва.

Име

Латинското име е hyoscymus niger. На македонското јазично подрачје познато е како и базизајк (Горно Фраштани, Сер), пишитодор (Скребатно, Неврокоп), грненце (Крушово), червова билка (Клепушна, З'хненско), попадијка (Белица, Разлог), пишипопадија (Сенгелево, Демир Хисар), блининка (Прилеп), пишипита (Височан, Драма), блининка (Дојран)Билтен на одборот за изработување на македонската терминологија, МАНУ, Скопје, 1974, стр. 11 и 12

Изглед и својства Стеблото е исправено високо и до 1 метар. Листовите се широки и неправилно назабени. Цветовите се крупни , темножолти по боја, со розова нерватура. Плодот е кожурец во кој се наоѓа поголем број на семки. Семето по форма е неправилно овално, со димензии 1,6x1,4мм , по површината мрежесто.

Се размножува со семе. Се шири антропохорно. Никнува доцна напролет, цвета крај на јуни почеток на јули месец. Целото растение е отровно исто како и Atropa belladona. Содржи голем број на алкалоиди, можу кои најпознати се : хиосциамин, атропин, скополамин, и атросцин. Семето содржи вкупно 0,5 - 1% од алкалоидите, а од тоа хиосциаминот во семето се движи 0,05- 0,3 %. Целото растеније има непријатен мирис. Некаде се одгледува како лековито растение, при што се користат семето и надземните делови. Во афионот е каратински плевел. Имено во работната мостра на семенскиот материјал не смее да се најде ниту едно семе од буника. Буниката е рудерален плевел, бара почви богати со органска материја, расте по жубришта, а поретко и во окопни култури како пченка сончоглед. Во житни култури, доколку е присутен се остранува со хербициди врз основа на 2,4-D , MCPA.

Листовите и семето содржат хиосциамин, скополамин и други тропански алкалоиди. Кај луѓето предизвикува халуцинации, проширени зеници, раздразнетост и вцрвенување на кожата. Поретко забележани дејства се тахикардија, напади на грчење, повраќање, хипертензија, хиперпирексија и атаксија.

Галерија

Поврзано Татула Лудо билје

Наводи

Надворешни врски

Буника — Erowid

Категорија:Зрнци Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Азија Категорија:Анестетици Категорија:Отровни растенија Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Општи анестетици Категорија:Ентеогени