Лимиузенски (самонар. Limousin, ) — дијалект на окситанскиот јазик застапен во три департмани од регионот Лимузен, како и делови од Шаранта и Дордоња во југозападна Франција.

Првите записи на окситански јазик се напишани на овој дијалект. Од нив се издвојува „Песна за Боетиј“ (), напишана околу 1000 г.

Говорот е застапен само кај средовечните и постари лица во селските средини. Сите говорат француски како прв или втор јазик. Согласно јазичната политика на Франција, државата не го признава окситанскиот јазик и затоа му се заканува изумирање. Во Лимузен други делови на Окситанија постои активно движење за оживување на јазикот со дејноста на книжевно-културното друштво „Фелибри“ и Институтот за окситански изучувања.

Разлики со лангдочкиот Следниов извадок ја илустрира разликата помеѓу лимузенскиот и лангдочкиот говор. Дадена е Универзалната декларација за човековите права: „Сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права. Тие се обдарени со разум и совест и треба да се однесуваат еден кон друг во духот на општо човечката припадност.“

ЛимузенскиЛангдочкиTotas las personas naisson liuras e egalas en dignitat e en drech. Son dotadas de rason e de consciéncia e lor chau agir entre elas emb un esperit de frairesa.Totes los èssers umans naisson liures e egals en dignitat e en dreches. Son dotats de rason e de consciéncia e se devon comportar los unes amb los autres dins un esperit de fraternitat.

Поврзано Лангдочки дијалект Окситански јазик

Наводи

Надворешни врски Институт за окситански истражувања Окситански јазик — Ethnologue

Категорија:Окситански јазик Категорија:Јазици во Франција Дијалект