Стрелечката отровна црно-зелена жаба (Dendrobates auratus), позната и со многу други имињаs, е член на редот жаби со природно живеалиште во Средна Америка и северозападните делови на Јужна Америка. Овој вид го има и на Хаваи. Ова е една од најразличните од сите отровни жаби.
Опис Овој посебен вид на жаба достигнува големина од околу 2 см, односно мажјакот во просек е 1,9 см, а женките се нешто поголеми. Овие жаби имаат нападни бои најчесто зелена со големи црни дамки.
Особености Овие уникатни жаби се одликуваат по нивната кожа, бидејќи таа има убав тон на бои. На луѓето кои живеат во Амазонија им е добро позната јачината на отровот. Отровот од само една жаба е доволен за да се стави на врвовите од 50 стрели, поради што се наречени стрелечки жаби или жаби стрели. Во денешницата голем број на научници пробуваат овој отров да го применат како лек. Овие жаби живеат на земјата од тропските шуми и немаат потреба да се кријат од предадорите, бидејќи тие штом ќе ја видат светлата боја на жабите самите се оддалечуваат.
Овој вид на жаби имаат посебен ритуал на размножување кој е многу комплициран, бидејќи мажјакот се грижи за изведените јајца ставајќи ги во мала локва, и тој ги пренесува малите на неговиот грб до некоја река или езеро.
Наводи
Категорија:Жаби