мини|Дворецот на семејството Генц во Генцроде Источен Пригниц-Рупин () — округ во северозападниот дел на Бранденбург, Германија. Се граничи со (од север надесно) округот Мекленбуршка Езерска Област во Мекленбург-Западна Померанија, окрузите Горен Хафел и Хафеланд, округот Штендал во Саксонија-Анхалт и округот Пригниц.

Географија

Округот се состои од низини северозападно од Берлин. На неговата територија се наоѓаат густи шуми. Многу реки и езера има во западниот, средишниот и североисточниот дел на округот. Главна река во округот е Досе.

Историја

Округот отсекогаш се разликувал од Западен Пригниц, така што првично бил населен од Словени од Мекленбург. Бил создаден во 1993 со спојување на окрузите Кириц, Нојрупин и Витшток. Округот скоро ја покрива истата територија на двата историски окрузи Источен Пригниц и Рупин. Источен Пригниц бил создаден во 1815 како еден од двата округа на местото на поранешното грофовија Пригниц и бил поделен на окрузите Кириц, Прицвалк и Витшток во 1952. Исто така во 1952, округот Рупин бил преименуван во Нојрупин и дел од неговата територија била доделена на окрузите Кириц и Гранзе.

Грб

130п|ГрбОрелот во горниот дел на грбот потекнува од грофовите Арнштајн, кои владееле со Рупин во 13 век. На левата страна е лилјан кој ги претставува грофовите Фон Плото, вендско семејство кои владееле со Кириц. Митрата на десно го симболизира Витшток, бидејќи бискупот Хајнрих Први го прогласил Витшток за главен град на Бискупијата Хафелберг.

Градови и општини

Слободни градовиОпштинска заедница Кириц Нојрупин Рајнсберг Витшток

Слободни општини Фербелин Хајлигенграбе Вустерхаузен1. Линдов (Марк) Херцберг Линдов1, 2 Ритник Филицзе

2. Нојштат (Досе) Бредин Дрец Нојштат (Досе)1, 2 Зиверсдорф-Хоенофен Штидениц-Шенермарк Церниц-Лом3. Темниц Дабергоц Меркиш Линден Шторбек-Франкендорф Темницквел Темництал Валслебен11седиште на општинската заедница;2град

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница