Рајнсберг () — град во округот Источен Пригниц-Рупин, во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се наоѓа на реката Рин, околу 20 километри североисточно од Нојрупин и 75 километри северозападно од Берлин.

Историја

Фридрих Велики, додека сè уште бил престолонаследник, уредил и се преселил во обновениот замок во Рајнсберг кратко по неговата венчавка во 1733 со Елизабета Кристина од Брауншвајг-Беверн. Во овој период имал зачестена комуникација со Волтер, бурни прослави со филозофи и музичари и напишал неколку дела за политичката теорија, вклучувајќи го Антимакијавели.

Галерија

Збратимени градови Хјубер Хајтс (Охајо, САД)

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Источен Пригниц-Рупин Категорија:Бранденбург (покраина)