Чагос (, , , ) — архипелаг, или група атоли, кои се наоѓаат во Индискиот Океан. Атолите се наоѓаат на гребенот Чагос-Лакшадвип, подводен планински венец. Атолите заедно сочинуваат над 60 засебни тропски островчиња кои се наоѓаат на околу 500 км јужно од Малдивите.
Островите се познати и како Оилски Острови, а во минатото и како Басас де Чагас. Чагос, заедно со Малдивите и Лакшадвип, создаваат екорегион.
Чагос официјално се дел од Британската Индоокеанска Територија, а врз нив полага право и Маврициус бидејќи овој архипелаг бил одделен од Околните острови на Маврициус пред Маврициус да стане независен. Островите биле дом на Чагошаните за околу век и половина сè додека Британците не ги евакуирале нив во раните 1970-ти за да можат Американците да изградат воена база во Диего Гарсија. Така, островите присилно биле напуштени и од 1971, само најголемиот остров (Диего Гарсија) има постојано население, поточно со воен персонал.
Географија
Вкупната површина на островите е 56,13 км2, а најголемиот остров Диего Гарсија има 32,5 км2. Вкупната површина, заедно со лагуните, е 15.000 км2, од кои 12.642 км2 се дел од Големиот Чагошки Плитак.
Атол/гребен/плитак (друго име) Вид Површина (км2) Број на острови Местоположба Земја Вкупно 0 безимен плитак потонат плитак – 3 – 1 Колвокоресес потонат атол – 10 – 2 Спикерс атол без растителност 0.001 582 1) 3 Бленем (Baixo Predassa) атол без растителност 0.02 37 4 4 Бенерес подводен гребен – 2 5 Перос Бањос атол 9.6 503 32 6 Саломонски О-ви атол 3.56 36 11 7 Виктори потонат атол – 21 – 8a Нелсонс делови од голем атол Голем Чагошки Плитак 0.61 12642 1 8b Три Браќа (Trois Frères) 0.53 3 8c Орловски О-ви 3.43 2 8d Опасен О-в 1.06 1 9 Егмонтски Острови атол 4.52 29 7 10 Ковен потонат атол – 12 – 11 Овен потонат плитак – 4 – 12 Пит потонат атол – 1317 – 13 Диего Гарсија атол 32.8 174 42) 14 Ганг потонат атол – 30 – 15 Вајт 3 16 Центурион 25 Чагос архипелаг 56.13 15427 64 04°54' to 07°39'S 70°14' to 72°37' E 1) број мали песочни суви плитаци 2) главен остров и три мали островчиња во северниот дел
Поврзано Индиски Океан Маврициус Британска Индоокеанска Територија
Наводи
Надворешни врски
Chagos Environment Network Chagos Conservation Trust 5 минутен филм за Чагошаните Диего Гарсија хронологија за историјата на островот и Чагошаните Статија за историјата на Чагошаните Кражбата на Диего Гарсија од Џин Пилгер
* Категорија:Архипелази во Индискиот Океан Категорија:Атоли во Индискиот Океан Категорија:Британска Индоокеанска Територија Категорија:Спорни острови