Горна Волта или службено Република Горна Волта () била основана на 11 декември 1958 како самоуправувана колонија во рамките на Француската заедница. Пред да стекне автономија била позната како Француска Горна Волта и дел од Францускиот сојуз. На 5 август 1960 стекнала целосно независност од Франција.
Тома Санкара дошол на власт воениот удар на 4 август 1983. По пучот, го создал Националниот совет за Револуција (CNR), а самиот тој бил претседател. Под водство на Санкара, државата го променила своето име на 4 август 1984 од Горна Волта во Буркина Фасо, што означува „Земја на неподмитливи луѓе“.
Името Горна Волта означувало дека државата се наоѓа во горниот тек на реката Волта. Реката е поделена на три делови, Црна Волта, Бела Волта и Црвена Волта, кои ги создаваат боите на националното знаме.
Поврзано Историја на Буркина Фасо Буркина Фасо
Наводи
Категорија:Историја на Буркина Фасо Категорија:Француска Западна Африка Категорија:Држави и територии настанати во 1958 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1960 година