Крчин — планина во Западна Македонија и Албанија, којашто се протега во продолжение на планината Дешат и е дел од поголемиот венец Шара-Кораб-Дешат-Крчин-Стогово-Караорман, односно таа го претставува најјужниот дел од веригата на планинскиот масив Кораб-Дешат-Крчин. Местоположба Се протега од Сува Бара (2.080 м) на север, до дното на Дебарската Котлина на југ во должина од 13 км. Има изразено било, од кое се издаваат повеќе врвови преку 2.000 м. Највисок е Голем Крчин (2.341 м), по што следат Рудина 2.238 м, Дели Сеница 2.174 м и Црвена Плоча (2.107 м).
Геологија
Планината се состои од флишни седименти. Кај бањата Косоврасти, варовниците преоѓаат во гипс, анхидрит и сулфурни наслаги. Во околината на бањата Бањиште, тлото се состои од сивобели варовници со дебелина од 300–400 м.
Крчин има најголеми резерви на гипс на Балканот, поради што има и фабрика за негова преработка.
Растителност На Крчин расте ендемскиот македонски каранфил (Dianthus macedonicus), што може да се најде само на оваа планина.
Галерија
Поврзано Дешат Дебарско Езеро Општина Дебар Дебар — округ во Албанија
Наводи
Надворешни врски Крчин и Дешат — Tourguide.mk Крчин — ПК „Македон“ Репортажа од искачување на Крчин — ПСД „Макпетрол“ Крчин и Дешат — „Македонска нација“
Категорија:Планини во Македонија Категорија:Планини во Албанија Категорија:Македонско-албанска граница