Салцбург (правилно: Залцбург, ) — една од деветте сојузни покраини во Австрија која се наоѓа во средишниот дел на државата. Зафаќа површина од 7.154 квадратни километри и тука живеат над 530.000 жители. Главен град е истоимениот Салцбург.

Положба

Салцбург се наоѓа во Средна Австрија и се граничи со: на север: Горна Австрија на исток: Штаерска на југ: Корушка на запад: Тирол на северозапад: Германија

Географија

Со површина од , Салцбург е шеста по големина покраина во Австрија. Според релјефот, ова е планинско место во срцето на Алпите. Само крајниот северен дел е претежно низински со надморска височина под 500 метри. Поради високата надморска висина, климата е претежно континентална, само во највисокиот дел има планинска клима. Во средниот дел на покраината течи реката Залцах, додека пак во источниот дел извираат реките Мура и Енс. Покрај овие водотеци има и многу леднички езера.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Покраински портал на Салцбург Покраинско туристичко биро на Салцбург Туристички водич за секоја општина во покраината Салцбург

Категорија:Сојузни покраини во Австрија