мини|десно|Дојранското Езеро е рамсарско место Рамсарска конвенција (полн назив: „Конвенција за водните живеалишта од меѓународна важност, особено за водните птици“) — меѓународен договор за заштита и одржливо користење на водните живеалишта (моклишта)Матична страница на Рамсарската конвенција со цел да се спречи нивното уништување и да се нагласи нивната еколошка стопанска, културна, научна и рекреативна вредност. Наречена е по градот Рамсар во Иран, каде е потпишана во 1971 г.
Македонија има две рамсарски места: Преспанското и Дојранското Езеро.Список на рамсарски места, 24 октомври 2013 Во 1994 г. е основан и Македонскиот рамсарски комитет.За друштвото — Друштвото за проучување и заштита на птиците на Македонија (ДПЗПМ)
За конвенцијата Конвенцијата е осмислена и усвоена од 21 држава на собирот во градот Рамсар на 2 февруари 1971 г., чиј домаќин било Министерството за животна околина на Иран. Стапила на сила на 21 декември 1975 г.
На 2 ноември 2013 г. постоеле 2.168 рамсарски места во 168 држави. Местата имаат вкупна површина од 206.632.105 хектари. Највеќе заведени места има Велика Британија (169), а најголем удел по површина има Канада (130.000 км²). Дефиницијата за водно живеалиште е прилично широка: морски подрачја не подлабоки од 6 м при осека, мочуришта, езера, езерца, оризарници и солани.
Потписниците се состануваат на секои три години, почнувајќи од 1980 г. Досега на собирите се усвоени два амандмана во 1982 и 1987 г.Рамсар: Кратка историја
Организацијата има постојан комитет, стручен одбор и секретаријат. Седишето се наоѓа во Гланд, Швајцарија, во кое е сместен и Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП). Соработува со разни еколошки организации за подобар успех во делувањето.
Поврзано Светски ден на мочуриштата
Наводи
Надворешни врски
Рамсарска конвенција — матичен портал Рамсарска информативна служба и базата на податоци на организацијата
Категорија:Еколошки договори Категорија:Водна екологија Категорија:Мочуришта Категорија:Моклишта