Христијанството во Албанија е втората најголема религија во државата. Точниот број на верници по религија не е познат, иако на последниот попис имало таква опција. Така бројот на Христијаните, и Муслиманите за државата варира од извор до извор. Покрај Албанците, Христијаните во државата ги опфаќаат и Македонците, Грците, Црногорците и Власите. Христијанството била доминантна религија во Албанија до доаѓањето на Турците на Балканскиот Полуостров. За време на Отоманското Царство, голем број од Христијаните биле исламизирани и така религијата станала поголема во однос на другите. Исламизирањето било особено успешно меѓу Албанците и Македонците од североисточна и источна Албанија (Торбеши). Според податоците на ЦИА, околу 70% од населението се Муслимани, а 30% Христијани (20% Православни, 10% Католици). Од другата страна пак, албанската влада излегла со следниве бројки: 38% Муслимани, 16% Православни и 17% Католици. На последниот попис од 2011 година, 56% се изјасниле како Муслимани и 17.2% Христијани.
Православна црква
Православите во Албанија има долга традиција. Претежно православни етнички групи во Албанија се самите Албанци, Грци, Македонците, Власите и Црногорците. Според владините податоци, 20% од населението на државата биле Православни, но на пописот биле забележани само 6.75%. Пред доаѓањето на Турците во Албанија, православието било главна религија на околу 50% од населението кое живееле на територијата на денешна Албанија.
Римокатоличка црква
Според податоците на владата, околу 17% од населението се Католици, но на пописот се пребројале 10.03%. Во државата има 5 бискупии. Од Католиците, најголем број се Албанците.
Поврзано
Православието во Албанија Римокатолицизам во Албанија Албанија Христијанство
Наводи
*