Непчената коска () е парна коска сместена зад максилата. Делови На непчената коска се разликуваат: Вертикална плочка () е сместена меѓу телото на максилата и крилестиот израсток од сфеноидалната коска. Таа учествува во градбата на латералниот ѕид од носната празнина. Водорамна плочка () се наоѓа зад непцевиот израсток од максилата и влегува во состав на коскеното непце градејќи ја неговата задна третина. Зглобови Непчената коска се зглобува со коските на черепот кои се наоѓаат на задниот дел од носната шуплина помеѓу максилата и сфеноидалниот израсток. Учествува во градбата на три шуплини: латералниот ѕид на носната шуплина, покривот на устата , подот на орбитата така што формира инфериорна пукнатина. Кај животните Кај рибите непчената коска се состои од плоча која лежи на внатрешниот раб од максилата. Непчени коски може да се сретнат и кај некои водоземци и жаби. Кај птиците непчените коски се одвоени од задниот дел од горната вилица. Галерија

Надворешни врски

Категорија:Анатомија Категорија:Коски