Ралникот () е тенка непарна коскена плочка која наликува на ромб и учествува во градбата на коскената носна преграда. Зглобови Ралникот се спојува со шест коски: две од черепот (клинестата и ситестата коска); четири на лицето (на двете страни од горните вилици и двете непчени коски); ралникот исто така се поврзува и со септална ’рскавица на носот;
Kaj животните Kaj коскените риби ралникот е поврзан со коските кои го формираат предниот дел на покривот на устата. Кај водоземци и влекачи ралникот е потесен тоа се должи на присуството на зголемени носни ноздри (во внатрешноста на двете страни) и тие може да се проширират понатаму назад во вилицата. Ралникот кај птиците е мал, каде што го формира горниот дел од клунот (се наоѓа помеѓу носните ноздри). Кај цицачите ралникот е потесен и е споен во единствена, вертикално поставена коска.
Галерија
Надворешни врски