НАССР системот претставува алатка со која операторите во прехранбената дејност може да вршат контрола на опасностите кои можат да се појават во храната.НАССР системот е заоснован на седум принципи со кои на ефикасен начин се осигурува потполна здравствена безбедност на прехранбените производи во сите сегменти на призводство и преработка.Предностите на примената на HACCP системот се во тоа што се редуцираат болестите од храна, ги обезбедуваат граѓаните со здравствено безбедни и прехранбени производи, овозможуваат исполнување на законските регулативи и поефикасено инспекциско надгледување, поефективна работа на прехранбените произведители, ја зголемува конкурентноста на светскиот пазар, овозможува ефикасно воведување на нови технологии и производи и го зголемува профитот.

НАССР принципи 7-те НАССР Принципи, дефинирани од Комисијата на Цодеџ Алиментариус се: Принцип 1 Спроведување на анализа на опасностите. Изготвување на дијаграм на процесот на производство и идентификација на потенцијалните микробиолошки, хемиски и физички опасности, кои може да се појават во секоја фаза од процесот, вклучувајќи контрола на истите. Принцип 2 Одредување на Критичните Контролни Точки (ККТ) Со помош на стеблото на одлука се одредуваат ККТ. Принцип 3 Одредување на критични граници. Критичните граници претставуваат мерлива контролна вредност, која ја одредува прифатливоста. Принцип 4 Воспоставување на систем за мониторинг на ККТ . Спроведување на контролни мерки при дефинирана честота, со цел да се потврди дека процесот се одвива во рамките на контролните граници. Принцип 5 Воспоставување на корективни акции кога ККТ-ки не се под контрола. Акцијата која треба да се преземе при одредени отстапувања е дефинирана како корективна акција. Принцип 6 Воспоставување на процедури за верификација на НАССР планот. Проверки кои се спроведуваат за да се потврди дека НАССР системот е валиден и ефикасен. Принцип 7 Воспоставување на потребна документација, вклучувајќи ги сите процедури и записи, кои ги исполнуваат барањата на НАССР принципите и примена на истите. Документирана НАССР студија, која вклучува табели, записи од мониторингот на ККТ и други потребни документи и записи.

Надворешни врски http://sezahrana.tumblr.com/post/26208675944

http://iqs.com.mk/HACCP.html