НЛБ АД — Скопје — македонска универзална банка, дел од групата на „Нова љубљанска банка“ од Словенија. Оригинално позната како НЛБ Тутунска банка, таа ги извршува сите видови банкарски работи. Мерено според големината на активата, НЛБ банка е трета најголема банка во Македонија.
Историски развој 1985-1996 година НЛБ Тутунска банка е основана во 1985 година, како интерна банка на тутунската индустрија во Македонија, под името Интерна банка на СОЗТ „Југотутун“. Во 1993 година, банката се трансформирала во акционерско друштво, со назив „Тутунска банка“ АД Скопје, во кое основачи и акционери биле тутунските претпријатија од Македонија. Банката била регистрирана како универзална комерцијална банка и работела преку своите експозитури во Скопје, Струмица, Битола, Кочани и Охрид. Понатаму, во 1996 година започнала соработката со Меѓународната банка за обнова и развој за финансирање на развојот на приватните претпријатија во Македонија.
2000 - 2006 година Во 2000 година, Тутунска банка АД Скопје склучила стратешко партнерство со НЛБ д.д. Љубљана и станала членка на НЛБ Групацијата. Капиталната позиција на Банката била зајакната со докапитализација од страна на LHB Internationale Handelsbank AG Frankfurt, во износ од 7,6 милиони евра. Со капиталното зајакнување до крајот на 2000 година, Тутунска банка АД Скопје прераснала во универзална средноголема банка, при што НЛБ Групацијата учествувала со 60% во капиталот на банката.
Во 2001 година бил остварен интензивен квалитативен развој и проширување на деловната мрежа на банката со седум нови експозитури. Истата година започнала хармонизацијата на работењето на Тутунска банка со НЛБ Групацијата. Во рамките на реформата на платниот систем во Македонија, Тутунска банка успешно се вклучила во преземањето и извршувањето на платниот промет. Во 2002 година, банката ја добила наградата од финансиското списание Finance Central Europe за најдобра банка, мерено според бруто-профитот, во Македонија за 2002 година.
Во 2003 година, банката повторно ја добила наградата за најдобра банка во Македонија, доделена од Finance Central Europe. Истата година, Тутунска банка ја добила и наградата за банка на годината во Македонија од списанието The Banker и признанието за „Постигнати особени резултати во зголемување на производството, продуктивноста и економичноста во работењето во период од пет години последователно“ од Стопанската комора на Македонија. Во текот на 2003 година била воведена нова организација на работа со што од модел на продуктноориентирана, Банката преминала на модел на пазарноориентирана организација на работа. Капиталната позиција на Банката била зајакната со докапитализација од страна на „NLB Interfinanz“ од Цирих, во износ од 7,7 милиони ЕУР, со што НЛБ Групацијата го зголемила учеството во капиталот на банката на 76,6%.
Во 2004 година, банката влегла во групата на големи банки и по третпат едноподруго ја добила наградата на „Finance Central Europe“ за најдобра банка според бруто-профитот во Македонија. Во март 2004 година, Тутунска банка добила лиценца за работа со „Mastercard“ и започнла со проектот за издавање платежни картички и развој на мрежата на банкомати, со што активно учествувала во интензивниот развој на картичното работење во Македонија. За првпат во историјата на банкарството во Македонија, Тутунска банка потпишала договор за синдициран заем со „ЕБРД“ и 10 странски комерцијални банки во износ од 20 мииони евра, наменет за финансирање на приватниот сектор. Во 2005 година, банката ја добила наградата за најдобра банка, според приносот на капиталот (RОЕ), во Македонија. Заедно со НЛБ д.д. Љубљана, таа го основала и Друштвото за управување со пензиски фондови „Нов Пензиски Фонд“ АД Скопје, со што активно се вклучила во реформата на пензискиот систем и воведувањето на капитално финансирано пензиско осигурување во Македонија. Истовремено, била воведена единствена услуга на пазарот за пренос и управување со готовината преку организиран кеш-центар на банката. Исто така, успешно бил реализиран и проектот за воведување на системот за управување со информативната сигурност на банката, заснован на меѓународните стандарди ISO 27001 и ISO 17799 - 2005 (ISO 27002) и Базелскиот документ за управување со оперативен ризик.
Во 2006 година, банката по вторпат ја добила наградата за банка на годината во Македонија, доделена од „The Banker“ и наградата за најдобра банка според бруто-профитот, доделена од „Finance Central Europe“. Во текот на годината, во рамки на проектот за ребрендирање на членките на НЛБ Групацијата, Тутунска банка го променила името во „НЛБ Тутунска банка“. Истовремено била ребрендирана и нејзината подружница „Тутунска брокер“ во „НЛБ Тутунска брокер“. Исто така, било имплементирано ново интегрално софтверско решение кое претставувало платформа за развој на новите производи и услуги и повисока автоматизација на процесите во банката. Во 2006 година „НЛБ Тутунска банка“ потпишала нов договор за синдициран заем со ЕВРД и со 11 странски комерцијални банки, во износ од 55 милиони евра, наменет за финансирање на приватниот сектор. Банката добила лиценца за работење со картичките „VISA“, како полноправен член на VISA International и истата година успешно го завршила проектот „Картички за јавната администрација“. Заедно со НЛБ д.д. Љубљана, банката извршила докапитализација на „Нов пензиски фонд“ АД Скопје. Во 2007 година, банката по третпат ја добила наградата за банка на годината во Македонија, доделна од „The Banker“, како и сертификатот за Компанија со добро корпоративно управување, доделен од Транспарентност Нулта Корупција. Како пример за компанија со општествена корпоративна одговорност, таа влегла во Ррферентната студија за општествена одговорност на претпријатијата од новите земји - членки на ЕУ и земјите - кандидати за членство за 2007 година, спроведена од УНДП. За првпат, таа го добила и признанието за извонредност во квалитетот на Euro SWIFT плаќањата кон „Дојче банк“ за 2006 година. Капиталната позиција на банката била зајкната со докапитализација од страна на НЛБ д.д. Љубљана, во износ од 12 милиони евра, со што НЛБ Групацијата го зголемила учеството во капиталот на банката на 85,8%.
2007 - 2009 година Во текот на 2007 година била воведена нова организација на работа на банката, како надоврзување на претходната организација и прилагодување на пазарните потреби. Исто така, банката ззапочнала со услугата „Банка-чувар на имот“ за првите инвестициски фондови во Македонија, а истовремено го вовла и личното банкарство. Во 2008 годин,а банката по четврти пат и третпат едноподруго ја добила наградата за банка на годината во Македонија од страна на „The Banker“, како и вторпат едноподруго сертификатот за компанија со добро корпоративно управување, доделен од Транспарентност Нулта Корупција. Вторпат едноподруго, таа го добила и признанието за извонредност во квалитетот на Еуро SWIFT плаќања кон „Дојче банк“. Понатаму, за првпат ја добила и наградата за најдобра инвестициона банка во Македонија, доделна од „Euromoney“. Во текот на 2008 година, банката направила интезивно проширување на деловната мрежа, со отворање 10 нови експозитури во Македонија. НЛБ Тутунска банка ја издала првата корпоративна обврзница во Македонија во износ од 10,7 милиони евра, а започнала и со масовно воведување на електронско банкарство, со името „НЛБ Клик“, наменето за сите правни и физички лица во Македонија. Капиталната позиција на Банката била зајакната со докапитализација од страна на НЛБ д.д. Љубљана, во износ од 10,8 милиони евра, со што НЛБ Групацијата го зголемула учеството во капиталот на банката на 87% Веќе во 2009 година, банката по петти пат, и четвртипат едноподруго, ја добила наградата за банка на годината од страна на „The Banker“, а третпат едноподруго го добила признанието за извонредност во квалитетот на Еуро SWIFT плаќања кон „Дојче банк“. Во 2009 година, НЛБ Тутунска банка била избрана за „супербренд на Македонија“ за 2009 година, а за првпат ја добила и наградата за развој на филантропијата во Република Македонија. Во текот на годината била изградена и пуштена во употреба нова современа деловна зграда, која претставува корпоративен центар на НЛБ Групацијата во Македонија. Деловната мрежа била проширена со пет нови експозитури низ Македонија, а биле направени значителни инвестиции и во проширување на мрежата на банкомати и POS-терминали. Исто така, била воведена можноста за електронска трговија со картичките на банката; биле обезбедени нови кредитни линии од EFSE, во износ од 8 милиони евра и од EIB, во износ од 10 милиони евра. Во 2009 година била аранжирана и нова кредитна линија со МБПР врз основа на рамковниот договор за учество во програмата за кредитирање на мали и средни претпријатија и приоритетни проекти. По основа на оваа кредитна линија, НЛБ Тутунска банка пласирала средства во висина од 31,7 милиони евра. Во 2010 година, банката четвртипат едноподруго го добила признанието за извонредност во квалитетот на Еуро SWIFT плаќања кон „Дојче банк“, како и наградата за најактивен учесник во меѓубанкарското тргување во државата од здружението на финансиски пазари на Република Македонија – „ACI Македонија“.
2010 година Во текот на 2010 година биле направени значителни инвестиции за стандардизација на експозитурите согласно стандардите на НЛБ Групацијата. Се реализирани инвестиции во проширување на мрежата на банкомати, како и во зголемување на степенот на заштита од злоупотреби и сигурност при користењето на картичките на Банката и уредите за опслужување. Збогатени се услугите во електронското банкарство за физички - НЛБ Клик и правни лица - НЛБ Проклик. Реализиран е проектот за миграција на VISA картичките на чип технологија. Се обезбедени нови кредитни линии од IFC во износ од 25 мил. ЕУР и од МРФП во износ од 4 мил. ЕУР. Во насока на зголемување на адекватноста на капиталот на Банката, беа пролонгирани постојните субординирани заеми. Во текот на годината беше воведена нова организациона структура во Банката.
2011-2012 година Во 2011 биле воведени нови кредитни и депозитни производи за населението, како и дополнителни функционалности на ПОС терминалите. Освен тоа, биле збогатени услугите во електронското банкарство за физички лица (НЛБ Клик) и за правни лица (НЛБ Проклик) и картичните услуги со нови функционалности. Притоа, биле реализирани инвестиции во информатичката инфраструктура, во АТМ мрежата за подигнување на степенот на безбедност при вршење на трансакции со платежни картички, за стандардизација на експозитурите согласно НЛБ стандардите како и проекти во развој и надградба на информативниот систем. Исто така бил потпишан нов договор за Trade Finance Program со IFC и биле обезбедени нови кредитни линии: кредити од ЕБРД за финансирање на проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија во износ од 4 милиони ЕУР и кредитна линија од МБПР во износ од 11 мил. ЕУР по основ на Рамковен договор за учество во програмата за кредитирање на мали и средни претпријатија и приоритетни проекти. Во 2011 година, Банката добила плакета за „15 години континуирано членство на Берзата“.
Во 2012 година биле отворени три нови експозитури во Скопје, а деловната зграда беше преземена во сопственост на Банката. Исто така, биле обезбедени нови кредитни линии: кредити од ЕБРД за финансирање на проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија во износ од 4 милиони ЕУР, кредитна линија од МБПР-ЕИБ во износ од 0,8 мил. ЕУР по основ на Рамковен договор за учество во програмата за кредитирање на мали и средни претпријатија и приоритетни проекти и кредитна линија од ЗКДФ во износ од 1,5 мил. ЕУР за финансирање на проекти од примарно производство, преработувачка и трговија со земјоделски производи. Во 2012 година, Банката добива награда за Најдобра банка во Македонија во 2012 година од страна на финансискиот магазин "EUROMОNEY", како и признание за извонредност во квалитетот на извршување на меѓународните плаќања во 2012 година од Wells Fargo Bank N.A.НЛБ Тутунска банка
2016-2020 година