Урбанизам — дисциплина која се занимава со решавање на задачите од областа на планирањето и уредувањето на населените места. Етимолошкиот корен на зборот урбанизам доаѓа од латинскиот збор urbs (македонски: град).

Главни задачи на урбанизмот се создавање и одржување на ред и структура во населените места, како и обезбедување на систематски и координиран развој. Задачите на урбанизмот опфаќаат сложен комплекс од социјални, економски, инженерски, архитектонски, правни и проблеми поврзани со животната средина.Основы теории планировки и застройки городов - Я.В.Косицкий, Н.Г.Благовидова. Архитектура-С. Москва, 2007

Урбанизмот во една држава е детерминиран од општественото уредување, степенот на развој на производствените сили, културата и науката, природно-климатските услови, и националните особености на државата.Справочник проектировщика. Градостроительство - В.Н.Белоусов. Стройиздат, 1978

Како цели на урбанизмот можат да се набројат: создавање на ред во населените места, реконструирање на делови од градот кои се нефункционални, создавање на еднакви возможности, стимулирање на развој и економски подем, зголемување на нивото на пристап (поврзување на инфраструктура и јавен транспорт со важни институции и јазли во урбаните места), создавање на компактни населби, зголемување на продуктивноста и ефикасноста на населените места, спречување на неконтролиран развој преку користење на контролни механизми."Town Planning Guidelines". Department of Public Works. Ottawa, 1974.

Основни области на урбанизмот како наука се планирање на просторот и уредување на просторот.

Историски развој на урбанизмот Во древниот свет мини|десно|200px|Рушевини од древен град по течението на реката Инд. Првите обиди да се воспостави некаков ред во планирањето и градењето на населените места датираат уште од средината на 3. милениум п.н.е. во градовите на древните цивилизации кои се протегале по долината на реката Инд (2500-1500 п.н.е.). Сите овие градови имале правоаголна улична мрежа како и отворени пространства (плоштади).

thumb|left|200px|Рушевини од градот Вавилон во 1932.

Во Древниот Египет, Месопотамија, како и во други делови од древниот свет при планирањето на градовите се применувало разделување на градот на неколку геометриски правилни четврти (квартали), зонирање по социјално-економски признак (на пр. градот Кахун, во древен Египет во почетокот на 2-от милениум п.н.е.), определување на главна улица на градот (на пр. улицата посветена на божицата Иштар во Вавилон, во 7 век п.н.е.), создавање на примитивни водоводни и канализациски системи, и др.История градостроительного искусства (Рабовладельческий и феодальный периоды) - Татьяна Федоровна Саваренская. Москва, 1984

thumb|200px|Хераклеја Врскаестис, Република Македонија.

Во урбанизмот во Древна Грција, при планирањето на градовите многу вешто се земале предвид месните природни услови и се потенцирало значењето на Агората и Акрополот (местата на концентрација на политичкиот и религиозен живот) како центри на градот. Овие урбанистички принципи најверојатно водат корени од Истокот и се прифатени како норми на урбанизмот во древна Грција (видете Хиподам Милетски, а во епохата на елинизмот широко се распострануваат поголем дел од тогашниот познат свет.

Во книгата „Обредите на Џоу“ (3 век п.н.е.) можат да се најдат најдетални сведоштва за урбанизмот во Кина за периодот помеѓу 11 век п.н.е. и 3 век п.н.е. Во книгата се опишува како главниот град Луојанг бил планиран во квадратна форма, со девет вертикални и девет хоризонтални улици кои го делеле градот на четврти (квартали), а во самиот центар се наоѓал дворецот на владетелот.

мини|десно|200px|Еден од најстарите примери за урбанистичко планирање во Кина.

Кај урбанизмот во Древниот Рим се забележува тенденција сите населени места да бидат претходно планирани (на пр. градовите Помпеја, Тимгад, Остија и др.). Римјаните создавале крупни системи за водовод и канализација, граделе плоштади и ги озеленувале улиците. Во Рим се појавил и првиот обид за систематизирање на урбанистичките норми и обичаи (во трудовите на Витрувиј во 1 век п.н.е.) преку формулирање на различните прашања од елинистичката и римската теорија во планирањето на градовите и архитектурата.

По претходно определен план се граделе и културните центри во државите на древните Индијанци во Америка (на пример, архитектурниот комплекс Теночтитлан во Мексико, 2 век п.н.е.).

Во 5 век од н.е. во Индија бил составено делото „Шилпашастра“, кое служело како прирачник при раководење на изградбата на градовите.

Од сите овие примери се гледа дека уште државите од древниот свет користеле претходно утврдени норми и принципи при градењето на градовите, кои вклучувале архитектурно-уметнички естетски квалитети со цел да се создадат убави градови во кои граѓаните ќе се чувствуваат достоинствено, а во исто време да се потенцира и величието на владеечката класа.

Среден век десно|мини|200px|Средновековниот утврден град Каркасон, Франција. Во средновековието западноевропските градови биле опкружени со моќни, утврдени, камени ѕидови. Внатре во ѕидините, во самиот центар на градот се наоѓал замок на владетелот, црква или трговски плоштад (пазар) а меѓу центарот на градот и бедемите по тесни и криви улици биле расположени домаќинствата на жителите на градот. Со порастот на населението на градот, новите населби се ширеле радијално надвор од ѕидовите на градот и наскоро се правеле нови градски појаси на утврдување. Паралелено со претходните градски ѕидови се формирале тркалезни (прстенести) улици кои во комбинација со радијалните улици кои се протегале од центарот на градот и се ширеле нанадвор го определиле карактерот на средновековните европски градови, а имено радијално-прстенестата структура. Средновековните градови во Европа долго време биле лишени од секаков вид на комунални сервиси. Ограниченоста на територијата, заштитена со градски ѕидови, стимулирала интензификација на населените места (зголемување на густината на населението) и градење на повеќекатни станарски и општествени згради.

лево|мини|100px|Главната порта на кремљот во Тула, Русија. right|thumb|200px|Самуиловата тврдина во Охрид, Република Македонија. Во Источна Европа, поготово во Русија, градовите биле градени по сличен принцип, што за разлика од западноевропските замоци, кои биле претежно заштитени домови на феудалците, руските кремли биле многу поопширни (ако стандардниот западноевропски замок опфаќал 2 до 4 хектата, руските кремли често опфаќале територија до 10,5 хеткара) и претставувале административно-политички и религиозни центри, градовите каде што освен домот на феудалецот и вишиот религиозен клерк, биле поместени и главните цркви, плоштади, складови со оружје, и намирници.

Во источна Европа како и на Балканскиот Полуостров градењето на утврдени градови и манастирски комплекси (последните играат особено важна улога во средновековниот живот на територијата на Македонија и целиот балкански регион), добило особено голем размер во периодот помеѓу 14-17 век.

Во средновековна Кина при градењето на многу градови се применувало регуларно планирање. Регуларните планови вклучувале крупни дворскии комплекси (Забранетиот Град во Пекинг и др.).

Ренесанса мини|десно|200px|Планот на Микеланџело за плоштадот на Капитол, 1568.

Со почетокот на ренесансата во западна Европа, новите економски прилики, услови и социјални потреби стимулираат нови обиди да се воспостави ред во планирањето и уредувањето на населените места. Архитектите од ренесансата им даваат ново лице на европските плоштади (пр. плоштад Капитолски музеи во Рим, дизајниран од Микеланџело). Исто така се развивала и теорија на архитектурата (делата на Алберти, Паладио), а биле изработувани и проекти за т.н. идеални градови (В. Скамоци и др.) во коишто веќе не се земале предвид само задачите поврзани со одбраната, занаетчиството и трговијата, туку и удобноста на граѓаните. Но во пракса било направено малку (од страна на спроведување на плановите за идеален град).История градостроительного искусства. Поздний феодализм и капитализм - Татьяна Федоровна Саваренская. Москва, 1989

мини|200px|лево|Плоштад Свети Петар во Ватикан, Рим. Со концентрирањето на огромна политичка власт и материјални ресурси во рацете на апсолутистичките монарси во редица европски држави помеѓу XVII и XVIII век, како и со трансформирањето на Рим во главен град на апсолутистичка држава (Папската Држава) и духовен центар, се создаваат услови за започнувањето на огромни по својот размер градежни работи со прекрасни естетски фасади, кои биле насочени кон олицетворение на силата и величието на власта на кралевите и на католичката црква. Во тоа време почнуваат да се распространуваат парадни плоштади (плоштадот Св. Петар во Рим, 1657-1663, од архитект Л. Бернини). Исто така се појавува тенденцијата за радијално распространување на градските улици од главните градски плоштади (Версај, Пијаца дел Пополо во Рим, и др). Кон почетокот на 19 век пак се појавуваат широки отворени плоштади, кои биле во синхрон со градските улици и со кејови на реки (плоштад Конкорд во Париз, 1753-1775, проектиран од страна на архитект Ж. А. Габриел).

мини|200px|десно|Дворцевиот плоштад, со Зимниот дворец во Санкт Петербург. По реформите на Петар I со големи размери почнало градењето на новите руски градови. Во 1703 бил основан денешниот град Санкт Петербург, а исто така и Одеса, Екатеринбург, Севастопол. Новите градови се граделе по претходно регулирани планови. Најдобар пример е градот Сакнт Петербург, за чие проектирање биле повикани најпознатите италијански архитекти. Во 1830 година во градот веќе бил создаден систем од опширни заемноповрзани плоштади кои биле центрите на градот. Новите асамблеји на плоштади и отворени пространства во новите руски градови немале аналогија никаде на друго место во светот. Во развојот на рускиот урбанизам најважна улога играле имиња како М. Г. Земцов, И. К. Коробова, И. Е. Старова и др.

Во САД и другите неевропски држави поголемиот дел од градовите се граделе на основа на еднообразна правоаголна улична мрежа, која образува слични по големина четврти (квартали). Во Централна и Јужна Америка, по шпанските освојувања градовите кои биле формирани во новите колонии како Мексико, Перу и др., биле градени во согласност со „Законот за Индија“ воспоставен од шпанскиот император во 1523. Градовите имале правоаголна улична мрежа, а во центарот на градот иамло главен плоштад со црква и административни згради.

Индустриска револуција thumb|200px|right|Илустрација на работничка населба во Лондон во 1870. Индустриската револуција од 19 век предизвикала интензивен развој на капиталистичките општества и рапиден пораст на градовите во многу држави низ светот. Индустријализацијата за кратко време предизвикала миграција на огромен број луѓе во големите градови, што резултирало во урбанистички хаос. Фабриките биле често до станбените четврти, што довело до загадување на воздухот, реките и почвата, а работниците живееле во четврти во кои најчесто немале достап до основни комунални услуги.

Кон половината на 19 век дошло до подобрување на положбата на работничката класа, која преку притисок се изборува да бидат донесени серија од актови со кои се гарантира достап до комунални и здравствени услуги. Се донеле и актови со кои се гарантирале минимални стандарди за здомување на работниците. Оваа тенденција за првпат започнала да се развива во Англија. Со цел подобрување на општиот стихиен карактер во градењето на градовите во развиените капиталистички држави, биле донесени неколкуте планови за реконструкција на центрите на градовите како Лондон и Париз. Ваквата состојба го стимулирала зародишот на модернизмот како правец во архитектурата и урбанистичкото планирање. Во 20. години од 20 век преовладувале два главни теоретски правци во урбанистичкото планирање, како дезурбанизмот и уранизмот (овој правец добил широка распространетост со проектите на познатиот швајцарски архитект Ле Корбизје).

Модерен урбанизам мини|200px|десно|Визија на Ле Корбизје за модерниот град.